ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Даштевски уште смета дека Груевски е дискриминиран, Состанок:Бучковски – Зафариева, позициите на Македонија јасни – не разговараме за идентитетски прашања

January 11, 2021 20:51
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Радмила Шекеринска денеска преку видео- конференциска врска имаше состанок со одбранбените аташеи на нашата земја во САД, Франција, Турција и Германија, како и со одбранбено – дипломатските претставници во седиштето и командите на Алијансата.

Даштевски и понатаму смета дека експремиерот, сега бегалец Никола Груевски бил дискриминиран од страна на судиката Добрила Кацарска. За таа одлука тој посочува дека гласале пет члена на комисијата, и неговиот глас не бил пресуден.

Граѓанскиот активист, новинар и музичар Петрит Сарачини, е неоснована цел на напади со говор на омраза на социјалните мрежи. Коментарите се толку непристојни што некои повикуваат на негова ликвидација, со тоа да му се отсече главата, но и да му се отсечат прстите за да не можел повеќе да работи. За заканувачката содржина во коментарите е известена полицијата која сигурно ќе постапи и ќе ги открие заканувачите.

Институциите започнаа постапка за аплицирање до УНЕСКО за црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново, село крај Преспанското Езеро, да биде запишана на списокот на светското наследство. Црквата потекнува од 12 век и е еден од бисерите на византиската уметност на Балканот.

Специјалниот пратеник на С. Македонија, Владо Бучковски, денеска допатува во Софија каде попладнево од шефицата на бугарската дипломатија Захариева доби акциски план за спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Според медиумските извештаи од Бугарија, овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на состанок на Заедничката меѓувладина комисија. Содржината не е позната.

Акцискиот план го предложив на првата моја посета во Софија како начин да се воспостави една прецизна агенда,за да потоа го предложиме како конкретен план на задачи и активности и откако направивме една внатрешна координација со сите министерства за сите проекти којшто се во тек или пак се заклучени или пак се планираат и бевме договорени дека Република Бугарија ќе одговори на тој акциски план, јас имав комуникација минатата недела со МНР Захариева и бев во очекување на нивниот одговор… можеби пред саат време го добивме како одговор, всушност нивно гледање на нашиот акциски план односно размена на идеи по однос на тој план” – изјави во своето интервју министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Досега комисијата има усогласено 5 историски личности, 2 историски периоди се начелно усогласени тие треба да се преточат во конкретни препораки за учебниците, тука имало некоја разлика на последната комисија дали се тоа истите текстови кои се усогласени за заедничко одбележување треба да бидат основа и за препораки за учебниците мислам дека таа разлика треба брзо да се надмине меѓу комисиите и со тоа да биде добра основа да се продолжи понатму“ – изјави Османи.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот заменик Назим Буши разговарал за распределбата на административните службеници вработени преку програмата К5, а кои не се распределени на работни места.

Обезбедивме 50 милиони евра и моментално ги дизајнираме мерките и тие ќе бидат таргетирани секторски каде имало поголемо влијание од ковид-19 во делот на намалувањето на приходите на отпуштање на работници. Тоа ќе го направиме заедно со стопанските комори со сите засегнати страни, рече Бектеши во гостување на ТВ 24.

Во Уредбата со законска сила која што ја донесовме за време на Ковид ги вклучивме и
компаниите кои што се занимаваат со трговија, но имаат инвестиции во машини, опрема,
и хали и идеата е да видиме таква мерка да го прошириме опфатот и да вклучиме и други
сектори да може и тие да ја користат оваа можност и на таков начин да го зголемат изозот
и да придобијат нови пазари“ кажа Бектеши.

 

Next Post

ЦИВИЛ ги прашува мразачите: Дали учевте од ИСИС или ИСИС учеше од вас?!

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk