ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Даштевски избран за претседател на ДИК, Апасиев бара отштета од 30.000 евра

January 12, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница со 9 гласа „за“ ја изгласа Предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. За претседател на ДИК е избран Александар Даштевски, а за потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ, која и сега е потпретседател на Комисијата.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вчера, на ден 11.01.2021, на покана на Основниот кривичен суд Скопје, во својство на оштетен, достави писмена ИЗЈАВА во врска со незаконското следење на неговите лични комуникации во случајот „Таргет-Тврдина”, бара државата да му плати 30.000 Еур за противзаконско прислушкување.

Во периодот што следува нашата работна група ќе ги разгледа коментарите, кои пристигнаа од Бугарија на нашиот предлот Акциски план и ќе биде изградена јасна позиција, изјави специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски, кој се наоѓа во посета на Софија. Бучковски вчера имаше средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерија Захариева, која му даде Акциски план, а кој допрва треба да биде разгледна од нашите власти.  Тој и Захариева  размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.

Со Преспанскиот договор, покажавме како треба да се решаваат отворените прашања помеѓу две соседни држави и го трасиравме патот кон унапредување на соработката преку почит и партнерски однос, објави претседателот Стево Пендаровски после средбата со новиот грчкиот амбасадор Русос Кундурос.

Во текот на 2019 година има благ тренд на зголемување на примената на посебни истражни мерки во однос на 2018 година, но сепак се движи во рамките на просекот на минатите години, покажува Извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2019 година.

Сите здрави луѓе постари од 16 години  може да ја примат вакцината на Фајзер, а оние постари од 18 години, и таа на Модерна. На луѓето кои прележале коронавирус, им е дозволено да примаат вакцина, исто така доилките и бремените жени, луѓето со автоимуни болести, дијабетичарите смеат да ја примаат вакцината, додека пак луѓето со алергии не смеат да ја примат.

Медицински тим заминува за Норвешка, а од таму за Авганистан. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретнаа со шестчлениот хируршки тим од јавното и военото здравство кој ќе биде распореден во рамки на норвешката болница во Кабул, Авганистан, од март до септември годинава.

На денешната седница на Владата на предлог на владината Комисија за именување, Горан Сугаревски е именуван за вршител на должност директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.

Сите информации за канабис туризмот  вреден 145 милијарди долари, на едно место. Државата располага со природни и културни богатства кои може да станат дел од туристичката понуда за овој вид туристи. Охрид, Струга, Маврово, Попова Шапка, Дојран, планински стари цркви и манастири, историски локалитети, и секако уште многу други локации може да станат атрактивни канабис дестинации кои ќе привлечат нови, добростоечки туристи, а сето тоа на крајот ќе има полза за туризмот, угостителството и за државата.

European Film Promotion оваа година ја избра македонската актерка Сара Климоска како една од десетте европски актерски откритија – European Shooting Stars 2021. Оваа манифестација се одржува во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин и важи за една од најпрепознатливите обележја на Берлинале, каде актерите кои се избрани имаат неверојатно искуство и можност за воспоставување на контакти со европски кастинг агенции, филмски професионалци и етаблирани актери од Европа.

Заминувањето на академик Георги Старделов, чијшто виспрен и прониклив дух со децении ја унапредуваше филозофско-естетичката, книжевно-научната и културолошката мисла во нашата средина, е непроценлива загуба за нашата академска и културна средина, велат од Институтот за македонска литература при што се изразува длабока жалост по повод неговата смрт и сочувство до неговите најблиски – семејството и блиските соработници.

 

М.М.
Next Post

Што има во Акцискиот план на Софија - Од отворање на кампуси на бугарските универзитети во Македонија, учебници по историја до инвестиции и инфраструктура..

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk