ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Институт за македонска литература: Заминувањето на академик Старделов непроценлива загуба за нашата книжевна наука и култура

January 12, 2021 16:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заминувањето на академик Георги Старделов, чијшто виспрен и прониклив дух со децении ја унапредуваше филозофско-естетичката, книжевно-научната и културолошката мисла во нашата средина, е непроценлива загуба за нашата академска и културна средина, се наведува во соопштението од Институтот за македонска литература при што се изразува длабока жалост по повод неговата смрт и сочувство до неговите најблиски – семејството и блиските соработници.

Акад. Георги Старделов, се посочува во соопштението, беше и истакнат македонист, проучувач на македонската книжевност и остваруваше плодна и континуирана соработка со Институтот за македонска литература. Тој беше ценет учесник на научните симпозиуми на Институтот од кои се објавија неговите мошне вредни научни трудови за најзначајните македонски книжевни дејци. Тоа се трудовите „Првата деценија од поетското творештво на Ацо Шопов“ во Зборникот Творештвото на Ацо Шопов (1993); „Македонска литература и историја“ во Зборникот Ѓорги Абаџиев: Живот и дело, 90 години од раѓањето (2001); „Епохата на Димитрија Миладинов“ во Зборникот Димитрија и Константин Миладиновци (2004); „Пофално слово за Блаже Конески“ во зборникот Блаже Конески осумдесет години од раѓањето (2002) и многу други. Проф. Старделов редовно објавуваше прилози во научното списание „Спектар“ на Институтот за македонска литература.

Соработниците од Институтот, се додава во соопштението, со голема посветеност и пиетет кон акад. Старделов зедоа учество во макропроектот кој го раководеше „Историја на културата на почвата на Македонија“ во делот „Македонскиот јазик и македонската книжевност од епохата Св. Климент до епохата Блаже Конески“ од кој произлезе и капиталното издание на Македонската академија на науките и уметностите во 2016 година.

– Неговата долгогодишна и исклучително значајна работа како професор, академик, научник, книжевен критичар и теоретичар на културата, есеист и естетичар е непроценлив прилог и за развојот на македонистиката и македонската книжевна наука и поттик за нејзино натамошно иновативно интердисциплинарно и проследување во контекстот на балканската естетика, но и во бројни други насоки на интеркултурната и интердискурзивната промисла. Милината и благоста на неговиот ораторски настап, во спрега со раскошното распостилање на мислата вдолж координатите на поврзаноста на предметот на промислувањето со светот, ние, што имавме чест да го познаваме и слушаме, и натаму ќе ги наслушнуваме во текстовите што како мудрост и сознајба ни ги остави како завештание нам и на идните поколенија. Слава му!, се наведува во соопштението од Институтот за македонска литература.

 

/МИА/
Next Post

Левица или Лавчица, како е правилно?

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk