ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој може, а кој не треба да прими RNK вакцина против Ковид-19?

January 12, 2021 13:48
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ИСИДОРА СТАНКОВИЌ докторантка на биомедицински науки

Кој може и кој не треба да прими RNK вакцина, според американскиот „CDC“ (Центар за контрола и превенција на болести) *:

Сите здрави луѓе постари од 16 години. може да ја примат вакцината на Фајзер, а оние постари од 18 години. и таа на Модерна.

Што ако лицето прележало Ковид-19?

На луѓето кои прележале коронавирус, им е дозволено да примаат вакцина. Податоците од клиничките испитувања покажуваат дека вакцината е безбедна да се даде на луѓе кои имале ковид и вакцинација се препорачува и во овие случаи. Треба да се почека со вакцинација, ако болеста е во тек, за медицинскиот персонал да не е изложен на ризик за време на вакцинацијата.

Што е со бремените жени и доилките?

Бремените жени и доилки можат да примат вакцина. Врз основа на досегашните сознанија, научниците сметаат дека iRNK вакцините не претставуваат опасност за бремените жени и доилките. Бремените жени и доилките не се вклучени во клиничките испитувања на вакцината, но за време на испитувањата на Фајзер и Модерна, 36 жени останале бремени (откако примиле вакцина или плацебо). Студиите врз животни не покажале негативни ефекти врз репродукцијата, развојот на фетусот и постнаталниот развој кај стаорци што примиле вакцина од Модерна пред /за време на бременоста.

Научниците исто така веруваат дека iRNK вакцините не претставуваат ризик за доилките на новороденчињата и „CDC“ препорачува здравствените работнички кои се доилки да ја примаат вакцината.

Што е со луѓето кои имаат автоимуни болести?

Луѓето со автоимуни заболувања може да примат вакцина Фајзер. Не се забележани несакани реакции од вакцината, поврзани со автоимуна болест во клиничките студии. Меѓутоа при клиничките испитувања се немало доволно субјекти со автоимуни заболувања за да излезат со цврста препорака, но „CDC“ вели дека оваа група може да прими вакцина ако веќе немаат контраиндикации од други вакцини.

Што е со луѓето кои имаат алергии?

Единствената група на луѓе кои НЕ СМЕАТ да ја примат вакцината се луѓе со тешки алергиски реакции (анафилактичен шок, луѓе кои секогаш носат со себе адреналински инјекции), лица алергични на ПЕГ (полиетилен гликол) и лица алергични на полисорбат, освен ако нивниот алерголог не извршил преглед и го констатира спротивното.

Луѓе алергични на пеницилин, храна, полен, животни, латекс и ко, МОЖАТ да примат вакцина.

Што е со дијабетичарите?

Луѓето со дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2 исто така МОЖЕ да примаат вакцина, а во Америка, организациите кои се занимаваат со овие болести веќе се обврзаа да и дадат приоритет на оваа група на луѓе при вакцинацијата. **

Користени извори: 

* https://www.cdc.gov/…/info…/clinical-considerations.html
** https://www.jdrf.org/…/answering-your-questions-about…/
обработка: Јане Ѓорѓиоски

Прочитајте поврзано со темата:

– За RNK вакцините против Ковид-19 (Фајзер и Модерна), на разбирлив јазик

– Новата мутација на коронавирусот и за што треба да бидеме загрижени?

– Која вакцина против Ковид-19 да се одбере?

 

 

Next Post

Медицински тим заминува за Норвешка, а од таму за Авганистан, Шекеринска и Филипче им посакаа успех

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk