ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Да ја потсетиме Силјановска за кое влијание може да зборува

January 13, 2021 13:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако не била присутна кога пратениците ги испрашувале лично кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација, а со тоа изгубила прилика да се запознае со биографиите и професионалното искуство на предложените, пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, си зеде за право на седница во парламентот да искоментира дека онаму каде што има партиско и политичко влијание не виреат реформите, мислејќи на кандидатите. Содржината на изјавата е во ред и пратеничката има право, точно е дека онаму каде што партијата владее, тешко се прават промени, но спорно е кој го изустува ова и на кого се однесува? Оти во ваквата содржина може да се препознае партијата на Силјаноска Давкова, нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, односно таа самата.

Ваквиот став на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ е промовиран токму на денот кога пратениците требаше да ги изгласаат членовите на Комисијата за заштита од дискриминација, претходно проверени на јавни интервјуа и сите со забележителни успеси во областа. За прв пат, по примерот со изборот на Антикорупциска, државата избира важна комисија на транспарентен начин, со еднаква шанса за сите кандидати.

Силјановска не присуствувала на јавната расправа во Собранието за избор на членови на новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Таа не најде време да дојде на расправата која траела два дена и да постави какво било прашање на 44 пријавени кандидати за седумте места во Комисијата. А сега се расфрла со зборови дека листата на предложени членови била партиска.

Да ја потсетиме, дали тоа Силјановска зборува за политичкото влијание на ВМРО ДПМНЕ, чии пратеници долго време се спротивставуваа и директно го саботираа во собраниските тела носењето на новиот Закон за заштита од дискриминација? Дали Силјановска мисли на истото тоа влијание, кое со спречување на законот, спречуваше и каква било можност за да се формира нова, непристрасна, професионализирана и ефикасна Комисија за антидискриминација, каква што се избира деновиве? Дали Силјановска мисли на новиот претседател на ДИК, Даштевски, кој како досегашен претседател на Комисијата за заштита од дискриминација единствено што постигна во мандатот е што му даде потврда на Груевски за дискриминација и со тоа му обезбеди азил во Унгарија и амнестија од кривичен прогон?

Државата за прв пат ќе добие Комисија со повеќе надлежности и со подобрен закон по кој ќе постапува и ќе ги штити граѓаните од дискриминација. Силјановска намерно го игрнорира фактот што формирањето нова професионална комисија преку јавен и транспарентен процес е реформа. Но кој друг би ги спречувал реформите кои водат до унапредување на човековите права, ако не ВМРО ДПМНЕ. Професорката од правниот факултет, која се декларира за поборник за човекови права, треба да размисли токму за влијанието на Мицковски и ВМРО ДПМНЕ врз нејзините постапки и изјави и како за дневнополитички потреби се дрзнува да обвинува за партизираност.

Кај Силјановска е очигледно следењето на политиката на Мицкоски за блокирање и оспорување на се и сешто . Можеме само да сме благодарни што не стана претседател марионета. Оти откако стана кандидатка за претседател на државата од ВМРО ДПМНЕ, започна да се претопува во партиски послушник. Таа ја ужива улогата на верна сенка на лидерот Мицкоски, се појави и како носител на изборна листа, а сега од пратеничката позиција ги застапува ставовите на својот лидер. Нивните заеднички фотографии во многу пригоди прашуваат дали ваква претседателка ќе беше Силјановска, како верна служителка на лидерот?

Дали таа се ослободила од партиското и политичко влијание, за да обвинува дека други биле заробени? Силјановска во последните две години е уникатен пример како за толку кратко време од независен критичар и правен експерт стана партиски определена и делува под политичко влијание. Па така, пред да обвини, нека види дали не мисли и на самата себе?

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Гир: Враќањето на јавната доверба во правосудството приоритет број еден

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk