ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинувањата на Левица кон градоначалникот Богоев не поминуваат повеќе ни на социјалните мрежи

January 13, 2021 17:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

На Фејсбук објава од партијата Левица со наслов „Расипништвото на Богоев и Општина Карпош продолжува“, во која следат грст обвинувања кон градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, после коментарот со кој Богоев им одговора на Левица, се случува една интересна ситуација.

Имено, постот на Левица има речиси двојно помалку реакции отколку коментарот на градоначалникот Богоев.

Снимка од екран од Фејсбук објава на партијата Левица и коментар од градоначалникот на Карпош Стефан Богоев

Бројките во моментот кога ја забележавме оваа интересна ситуација, беа 292 реакции на коментарот од градоначалникот Богоев, наспроти само 189 реакции на постот на Левица.

Во Фејсбук објавата Левица го обвинува Богоев за наводно трошење на општинските пари за сопствени потреби и анкета.

Градоначалникот Богоев на тоа обвинение во коментар им одговара дека секоја сериозна институција, организација, деловен субјект прави квартални или годишни испитувања на јавното мислење и додава дека Општина Карпош е задолжена да прави испитувања и согласно ISO стандардите по кои работи општината. Тој нагласува дека во прашањата што ги упатува Левица нема аргументи туку политичка демагогија и лични релации, кои се апсолутно неточни и небулозни

„Секоја сериозна институција, организација, деловен субјект прави квартални или годишни испитувања на јавното мислење. Ние сме задолжени да правиме испитувања и согласно ISO стандардите по кои работи општината. Оваа анкета ја правиме пред донесувањето на Буџетот, за да се утврдат приоритети и правилно да се насочат средствата за претстојната година. Знам дека намерата е политички да поентирате и тоа го разбирам. Затоа што можевте на пример да прашате или да видите дека анкетата го мери и задоволството на граѓаните од различни проекти и активности, начинот на работа на општинската администрација… Истата е спроведена рамномерно по сите населби. Но, затоа во вашите прашања нема аргументи туку политичка демагогија и лични релации, кои се апсолутно неточни и небулозни. Разбирам дека имате потреба да се докажувате, да претставите дека сите се криминалци и нечесни, а само претставниците на Левица се чесни. Но, сте ја погрешиле адресата. Општина Карпош овие три години е пример за совесно и одговорно работење, а ако се сомневате слободно поведете постапки.“, напиша Богоев

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бочварски: Не може автопат без патарини и без алтернативен пат

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk