ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи побара од Милошоски да ја закаже и седницата на Комисијата за надворешна политика за амбасадорите

January 13, 2021 18:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски му порача дека е подготвен низ трансперентна постапка да бидат отворени сите прашања од надворешната политика, и при тоа побара од него да ја закаже и седницата на која кандидатите за амбасадори ќе можат да ги презентираат тезите пред пратениците за да можат да заминат во извршување на своите мисии во ДКП-та.

– Како што најавив во моето годишно обраќање пред Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија, подготвен сум да ги вложам сите напори за да создадеме услови низ транспарентна постапка да ги отвориме сите прашања поврзани со надворешната политика, низ почести средби и тематски седници во рамките на Комисијата. Притоа, ќе се согласите дека во духот на взаемната соработка од интерес на надворешната политика, треба да ги затвориме и останатите заостанати прашања, за што сакам да ве повикам да ја закажете и седницата на Комисијата за надворешна политика, на која ќе можат избраните предлог – амбасадори, кои веќе ги минале сите постапки и добиле согласност/агремани од земјите на упатување, да ги одбранат тезите пред пратениците, и да бидат упатени во соодветните Дипломатско – конзуларни претставништва, стои во објавата на Османи на неговит ФБ профил до Милошоски.

Милошоски претходно во писмо адресирано до вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и шефот на дипломатијата Османи ги повика двајцата да излезат пред Комисијата и да го достават, како што вели, предлог-анексот  врачен од Софија, во ноември минатата година, во термин што ќе им одговара во периодот од 15 до 29 јануари. /МИА/

Next Post

Поради овие работи мажите се спремни да ја остават својата жена!

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk