Демократите во Конгресот на САД започнаа постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Гласањето е закажена за денеска доцна навечер, откако потпретседателот Мајк Пенс синоќа одби да го употреби 25. амандман со која на Трамп би му се одзеле од надлежностите.
Импичментот на Трамп, втор по ред во неговиот прв и најверојатно единствен мандат, е реакција на демократите во американскиот Конгрес на спонтаното обраќање на претседателот за време демоснтрациите минатата среда. Тогаш тој ги повика поддржувачита да се „борат посилно“ против „лошите луѓе“, повикувајќи ги да маршираат на Капитолот на САД, со цел да ја запрат постапката што тогаш се водеше во Конгресот за потврда на победата на Џо Бајден на претседателските избори во ноември.
Законодавците во моментов дебатираат по предметите за импичмент, кои се сумираат во квалификација „поттикнување на побуна“, со цел побеснета толпа поддржувачи да упадне во Конгресот.
Според очекувањата, Претставничкиот дом се очекува да изгласа, бидејќќи демократите се во мнозиство, иако мало, плус за импичментот може да гласаат и околу петмина републиканци. Според некои извештаи, најистакатиот од нив, сенаторот Мич Меконел, наводно ја прифатил идејата за импичемент на Трамп, со цел Републиканската партија да направи чистка на „трампизмот“ меѓу своите редови, и да се дистанцира од Трамп, републикански претседател кој падна во немилост меѓу големи делови од јавниот, културниот и деловниот живот на САД, по стравичните сцени минатата недела од упадот во Конгресот, кој многумина го оквалификуваа како неуспешен вооружен пуч.
Претставничкиот дом вчера го повика Пенс да го стави во сила 25. амандаман, кој налага лишување на надлежностите на претседаталот меѓу другото и поради ментални или физички пречки, но потпретседателот синоќа ја отфрли идејата.
-Не верувам дека овој чекор ќе биде во најдобар интерес за нашата нација, изјави Пенс.
Со ова, настаните во Вашингтон, навлезен во една од најпродлабочените политички кризи во поблиската историја, одат во непредвидлив правец.
Иако Трамп, кој во првото свое обраќање до јавноста по немилите настани минатата недела не изрази каење за упадот во Капитолот на САД, вчера ја призна „новата Администрација на Бајден“ и укажа дека ќе ја напушти Белата куќа на 20 јануари, и дека нема потреба од активирање на 25. амандман или нов „лов на вештерки“, додека демократите во Долниот дом спроведуваат експресна процедура со гласање за импичмент и потоа суд во Сенатот.
Не се јасни тајминзите, со оглед на тоа што од мандатот на Трамп остануваат уште седум денови. Претходните случаи со отповикување на претседател траеа многу подолго – на Трамп во 2019-20 траеше 6 недeли и четири дена, на Бил Клинтон во 1998-99 траеше речиси осум недели.
Долниот дом денеска треба да ги усвои предметите за импичемнтот, постапката потоа се префла во Сенатот. Лидерот на демократското малцинство во ова тело, Чак Шумер, синоќа го повика Меконел да свика итна седница во Сенатот, кој моментално е на пауза до 19 јануари, и истиот ден да одржи судење на отповиканиот претседател. Во трка со времето, не се знае дали демократите ќе успеат да ја доведат постапката до крај и овојпат ефективно да го лишат Трамп од надлежностите.
Ако судењето во Сенатот се потврди, Трамп ефективно ќе биде блокиран да учествува во политичкиот живот на САД. Прашање е дали голем дел од републиканците во Конгресот и базата на неговото гласочко тело, го сакаат тоа.
Во меѓувреме, Рајан Мекарти, министер за одбрана, ја реализира наредбата на претседателот за распоредување на Националната гарда, како дополнителна гаранција за безбедноста во американската престолнина за време на инаугурацијата на Бајден./МИА/