ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: 18 месеци од Скопје до Штип се вози по автопат без денар патарина

January 13, 2021 18:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Автопатот Скопје – Штип беше отворен пред година и половина, во јуни 2019-та, од тогаш до јануари годинава десетици илјади возила поминале по новиот асфалт, но не платиле ниту денар патарина. Речиси и да не постои пример кај нас и надвор толку долг период државата да ги остави возачите да користат нов пат, да стигнуваат побрзо од една до друга дестинација, а при тоа да не платат ништо за одржување, оти и за овие 18 месеци некој морал да го одржува и сервисира автопатот. И сега, кога се најавуваа отворање на две патарини, кои би биле во износ од 120 денари, некои негодуваат со цената, но сите забораваат дека долг период се возело гратис, па тоа не сакаат да го споменат. Инаку, граѓаните мора да знаат дека цената на секоја патарина се утврдува според определена методологија и кај нас еден километар чини 2,5 денари. Тоа отсекогаш било така без разлика од Скопје во кој правец ќе тргнете да возите. Дека цената на патарините се определува според километар потврди и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, цената на патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина, рече Бочварски на денешната прес-конференција, коментирајќи ги реакциите дека цените на наплатните рампи наводно ќе бидат високи.

Значи околу цената нема што да се дискутира, таа е секогаш иста и зависи од километар пат.

Така се пресметува насекаде низ светот и после секоја држава си има начин како да наплати одржување на патот, дали со годишен надомест при регистрација на возилото, дали со картички (вињетки), дали со принцип на наплатни рампи, како кај нас. Но, во секој случај висината на патарината не смее и не може да се оспорува затоа што тоа не е желба на кој било министер. Она што Бочварски го споменува во изјавата дека возачите кои не сакаат да платат или немаат доволно пари, може да користат алтернативни патишта не е ништо ново, тоа е така со децении и насекаде низ светот. Тој не зборува ништо надвор од логиката и праксата, оти одамна сите автопати низ земјава имаат споредни патишта, кои граѓаните ден денес ги користат и се полни со возила.

. Оттаму, обидите да се престави дека Бочварски навредил некого затоа што го испратил да вози по алтернативен пат, се тенденциозни и злонамерни, оти споредни патишта на автопатите имало отсекогаш и така ќе остане. А реалноста е дека и тие имаат своја употреба.

Next Post

(ВИДЕО) Војници од Националната гарда спијат на подот во Конгресот, страв од нов упад?

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk