ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Симовски: Април е единствен термин за попис, веќе имаме анкети на терен со целосна заштита од вирусот

January 13, 2021 20:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сплетот на околностите не тера пописот да го спроведеме во планираниот период. Ние имаме во октомври локални избори, а попис и избори се неспоиви. На дневна основа ја следиме здравствената криза, ние спроведуваме во моментов анкети со 5 000 домаќинства, тоа е голем контингент, и немаме никаков проблем на терен. Сите попишувачи ги преземаат мерките за заштита, исто како и семејствата кои ги посетуваме. Пописот е во април, не е во зимски услови кога сме постојано затворени дома. За очекување е дека до април бранот со вирусот ќе се намали. Имавме пик со 1 000 новозаразени на ден, но сега не е така. Повторувам, попишувачите немаат задача да се штитат само себе, туку и граѓаните. Со оглед дека ќе биде пролет ќе попишуваме и во двор, на отворен простор, секаде каде што има услови за тоа. Во овој момент, како што се движат работите, може да се организира попис. Поволни термини за попис се април или октомври кога населението е најмалку мобилно. Во нашиот случај тоа е април“-  изјави директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во вестите на Сител.

Дополни дека пописот е едно од 260-те истражувања кои заводот ги прави секоја година и затоа оваа институција не е привилегирана во врска со пописот, туку има сериозна обврска и одговорност.

“Статистичарите прават попис секаде, а не партиски комисии како во 2011 година”

„Во 2002 година и во  2011 година се направи исклучок, пописот да го спроведе државна комисија со членови од партиите и се се политизираше, особено со неуспешниот попис. Наместо ние, како тело задолжено за статистички операции, политиката и партиите сакаа да се наметнат како организатори и спроведувачи на статистичка операција што не е во ред. Секаде праксата е иста, дека професионалци спроведуваат попис, тоа е наша работа. И секогаш пописите биле работа на заводот.“- изјави Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, во вестите на Сител.

Во врска со тоа дека клучните документи на заводот мора да се потпишани од директорот,  но и од заменикот директор, Симовски објасни дека тоа се документи кои се подготвуваат од стручните служби, а нивните потписи се само формалност дека документот ги поминал сите фази според пропишаните процедури.

„Документите не ги подготвувам ниту јас, ниту заменикот директор, тоа е цел процес, се знае кој ги подготвува, кој ги изработува, кој ги проверува, но сите тие се дел од стручните служби. Врзаниот потпис на директорот и заменикот е само крајна потврда дека документот ги поминал сите фази во најдобар ред и нашите потписи се формалност на крај. Ова е само за да се разбие впечатокот дека директорот не застапува нечии ставови, дека директорот не е самостоен орган, па одлучува како сака“- изјави Симовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Јане Ѓорѓиоски.

Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

July 11, 2025

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk