САД мора да ја „поништат“ својата одлука за ставање на бунтовниците Хути на списокот со „терористи“ доколку не сакаат Јемен да претрпи глад без преседан во скоро 40 години, нагласија денеска неколку високи претставници во Советот за безбедност на ОН.
– Што ќе ги спречи да ја поништат одлуката што стапува во сила на 19 јануари, рече заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни работи, Британецот Марк Лоукок, оценувајќи дека исклучокот од таа одлука објавена од Вашингтон за невладини организации што доставуваат хуманитарна помош, нема да го намали ризикот од голема глад.
Одлуката на административната републиканска администрација на Доналд Трамп да ги означи Хутите за „терористи“, со ефект од 19 јануари, ден пред инаугурацијата на избраниот претседател, беше поздравена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути.
Но, таа беше остро критикувана од Европската унија и невладините организации, а демократите го повикаа Џо Бајден да ја промени веднаш штом ќе ја преземе функцијата.
Покрај блокадата на хуманитарната помош, одлуката на САД ќе ги забави политичките преговори за ставање крај на конфликтот, предупредуваат нејзините критичари.
Ова е првпат ОН, по правило претпазливи кога станува збор за САД, најголемиот финансиер на организацијата, толку отворено да ја напаѓа одлуката на американската администрација во заминување.