ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Државата очекува првата фаза од автопатот Скопје-Блаце да се заврши претстојново лето

January 15, 2021 10:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај влијанието на моменталната состојба со ковид-19 и проблемите што се јавија со експропријацијата на земјиштето пред неколку месеци, од Јавното претпријатие за државни патишта очекуваат изведувачот да го испочитува рокот за завршување на градежните работи на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта.

При потпишувањето на договорот за реализација на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце пред точно една година, ветувањето беше дека претстојново лето ќе се завршат двата километри од автопатот на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце.

„Во моментов се работи на градежни работи, на ископ на материјал, согласно со проектот. Потоа се работи на ископ на хумус, како и на дислокации на постојната инфраструктура“, информираат од ЈП за државни патишта во однос на активностите што се одвиваат на терен.

Во меѓувреме, завршена е експропријацијата на земјиштето по кое поминуваат првите 2 километри од трасата за изградба на автопатот Скопје-Блаце, со што беше отстранет главниот проблем за работа на изведувачот. Инаку, самата изградба на првите два километри од овој автопат чини околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ. Градежните работи се одвиваат со обезбедени финансиски средства од буџетот на ЈП за државни патишта.

Автопатот Скопје-Блаце ќе има вкупна ширина од околу 27 метри, со по две коловозни ленти од 3,5 метри и една лента за застанување од 2,5 метри во секој правец.

„Мета.мк“ веќе пишуваше дека паралелно се работи и на подготовките за реализација на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, на потегот од клучката „Блаце“ до клучката „Стенковец“ во должина од 10,5 километри. До третиот квартал од годинава треба да биде комплетиран основниот проект, што е предуслов за да се отпочне со градежните работи.

Меѓународниот тендер за избор на изведувач за втората фаза на овој автопат треба да се распише во периодот јули-септември 2021, додека до почетокот на 2022 година да се избере најповолен понудувач и да се започне со изградба на терен.

Next Post

Во гостиварските средни училишта за распустот се работи на подобрање на условите за настава

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk