ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Даштевски не смета дека новата функција му е награда за „минатиот труд“, ЈО ќе истражува дали е кривично дело палењето на бугарското знаме во Вевчани…

January 15, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЈО ќе истражува дали е кривично дело палењето на бугарското знаме во Вевчани. Исто така, ќе бидат обезбедени и евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на настанот“, велат од Јавно обвинителство.

Ангеловски: МВР работи на расчистување на случајот со палењето на бугарското знаме во Вевчани. По палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, Софија упати вербален демарш, за што информираше бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева

Општина Вевчани со осуда за палењето на бугарското знаме на карневалот. Според градоначалникот Сашо Јанкоски, овој чин не соодветствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население.

Даштевски смета дека е најнепартиски член на ДИК и дека не ја добил новата функција затоа што му помогнал на Груевски да добие азил. За време на упадот во Собранието на „крвавиот четврток“ на 27 април 2017 година, Даштевски беше претседател на Комисијата за дискриминација и му овозможи на Груевски да докаже дека е дискриминиран во судските процеси кои се водат против него во неговата татковина и да добие азил.

Заев: Очекуваме 200 до 300 милиони евра од продажбата на државното земјоделско земјиште, нема да се дозволат злоупотреби. Тој нагласува дека оваа година ќе се направи сѐ за да максимално да се искористат средствата наменети за агросекторот и руралниот развој и ја подвлече приватизацијата на државно земјоделското земјиште во функција на развојот.

Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции, постигнавме рекордно најмногу инвестиции за две години, нагласи Заев. Тој нагласи дека Владата предвидува интегрирање на капацитетите на две други агенции – за странски инвестиции и за претприемништво во рамки на Дирекцијата за ТИРЗ.

Забрчанец: Некој спинува дека ќе сме формирале арбитражна комисија која ќе одлучувала која вест била лажна, а која не. Немаме таква намера. Но кога некој има намера да каже дека има само уште 100 теста за Ковид-10, а секој ден сме сведоци како се тестираат по илјада луѓе, и тоа како ќе излеземе и ќе кажеме дека тој е извор на дезинформирање, тој ве лаже, ова се фактите. рече Забрчанец.
Законот за задолжително пензионирање блокиран од опозицијата со 400 – 500 амандмани. Шахпаска ги повика пратениците и од власта и од опозицијата да ја надминат оваа ситуација и да овозможат процесирање на законот, особено зашто, како што нагласи, сите амандмани се во суштина исти и се однесуваат само на рокот за важење на законот.

Граѓаните кои располагаат со готовина која не e влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10% данок, најави Заев. Тој нагласи дека ова нема да важи за оние за кои се водат судски постапки, има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и сл. а мерката ќе се реализира во целосна координација со делегацијата на ЕУ.

Повеќе барања за прегледи во ковид-центарот, се подобрува состојбата на хоспитализираните. По новогодишните празници се зголемуваат барањата на граѓаните за прегледи во Ковид-центарот во тетовската клиничка болница, информира координаторот д-р Гзим Нуредини. Повеќе има и луѓе на болничко лекување од минатата недела кога имало само 13 хоспитализирани, но според надлежните, општата здравствена состојба е подобра од порано.

Негативното влијание од употребата на Интернетот и социјалните мрежи кај децата. Изопачена слика за себе, Преголема окупираност со уреди, Пријателствата се заменети со виртуални пријателства…

Бајден го доби својот нов официјален претседателски профил на Твитер. Обама беше првиот американски лидер кој имаше официјален профил на Твитер. Налогот @POTUS беше отворен за време на неговиот мандат во 2015 година.

 И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Португалија ја победи Шпанија на пенали и ја освои Лигата на нации

June 9, 2025

И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

June 9, 2025

Мицкоски: Од последни, до први во Европа по странски инвестиции

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Горан Божичевиќ

    Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk