„Подготовката на пописот се одвива врз основа на научени лекции и грешки од минатото, пред се од неуспешниот попис во 2011 година кога целата операција беше политичка наместо статистичка. И тогаш политичарите одлучуваа за пописот што се покажа како лош пример. Овој концепт сега ги избегнува политичките влијанија, затоа што сакаме сакаме веродостојни статистички податоци. Се што правиме, правиме по европски стандарди, според Еуростат, и методологијата според која ќе се спроведе е европска исто, а пописот ќе го спроведат стручни лица. Пописот мора да биде, од секој дом, од секој стан, од секој граѓанин, валиден, поинаку не можеме да си дозволиме.“- истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за телевизија Канал 5.
„Неразумно и штетно е зошто некоја политичка партија го партизира пописот, зошто го политизира, пописот не се избори, и не е добро никој да го бојкотира. Јас не гледам друг ефект од бојкотот, освен да има помалку етнички Македонци.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за вестите на Канал 5.
Националната комисја за УНЕСКО на Република Северна Македонија денеска ја одржа конститутивната седница, на платформата Зум. По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура, Ирена Стефоска. Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за областите кои се поврзани со светската организација.
“Гласот и силата на мажите треба да бидат насочени кон искоренување на домашно насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство”, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Државата е подготвена за спроведување на пописот според највисоките светски и стандардите на Еуростат. Сè што се прави за пописот е според стандардите на Еуростат и е вградено во Законот за попис, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.
Целата холандска влада предводена од премиерот Марк Руте поднесе денеска оставка, преземајќи политичка одговорност за скандалот поврзан со истрагата околу исплаќањето на детскиот додаток на повеќе од 20 000 родители, кои погрешни биле етикетирани за измамници.