ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Дезинформации се тврдењата дека има нешто чудно во брзиот развој на вакцината против Ковид-19

January 15, 2021 11:10
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
REUTERS/Dado Ruvic/File Photo

REUTERS/Dado Ruvic/File Photo

Share on FacebookShare on Twitter

Во својата нова анализа, Вистиномер.мк се осврнува на пост на Фејсбук профил што ја предупредува јавноста против употреба на вакцината против ковид 19 само затоа што била развиена за 10 месеци.

Во објавата, која е манипулација и дезинформација, се наведува дека станува збор само за две алтернативи. Првата е дека немало вакцина, туку нешто друго или дека ја имало вакцината 10-15 години ама со тоа се докажувало дека „тие го направиле вирусот“:

Оваа ни кажува 2 работи:

1 – или немаат вакцина,направиле нешто набрзина само да направат генетска мутација на нашата ДНК,и од луѓе да направат мајмуни,рептили,зомби итн….

2 – или ја имаат вакцината од пред 10-15 години,ама со тоа се докажува дека тие го направиле “вирусот” и пЛандемијата со цел и намерно за исполнување на повеќе работи – (депопулација,пропаст на светската економија и малите и средни претпријатија,формирање на една Светска Влада,укинување на слободата и кешот- воведување на дигитална валута,донесување на Новиот сатански поредок,укинување на суверенитетот на сите држави и народи,промена на човечката ДНК,чипување на луѓето и востоличување на Антихристот)….

Ваквите заклучоци се манипулација и дезинформации, затоа што постојат многу аргументи и факти кои ги појаснуваат двете прашања: a) брзината со која е развиена вакцината против ковид-19 и б) разликите помеѓу корона вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 и вирусот што ја предизвикува СИДА-та, причините за појава на ракот и други неизлечиви блести, нагласува Вистиномер.мк.

Процесот на развојот на вакцина против ковид-19 веќе бил истражуван за МЕРС

Прашањето како било можно да се развие вакцината толку брзо го имаат одговорено десетици учени луѓе кои се занимаваат со овие прашања. На пример, двајца реномирани професори од Оксфорд појаснуваат за Би-Би-Си дека неколку фактори биле пресудни. Првиот е што тие веќе развивале вакцина од аденовирус наречена Шимпанзо аденовирус Оксфорд1 (ChAdOx1), уште во 2014-2016 година, со цел да го испитаат дејството против сите можни заразни и опасни вируси и ја тестирале на 330 луѓе за да го видат различниот ефект врз болести од грип до Зика вирусот или од против рак на простата до против тропската болест чикунгинија. Вториот фактор, велат експертите за Би-Би-Си, е тој што ковид-19 е болест што се добива од релативно познати вируси што преоѓаат од животни на луѓе и постоело големо познавање на вирусите што се појавија и ги предизвикаа болестите САРС (2002) и МЕРС (2012)

Токму против МЕРС, која трае веќе 7-8 години на Средниот Исток, истите научници развиле вакцина, а испитувањата биле започнати во 2018 година. Кога на 11 јануари 2020 година кинеските научници го објавиле целосниот генетски код на корона вирусот што ја предизвикува ковид-19, тие само тргнале со работа на измени во веќе готовата вакцина за да ја прилагодат за новата болест.

Воедно, експертите појаснуваат дека голема улога во брзината одиграл и фактот што корона вирусот предизвикува краткотрајна инфекција што организмот може да ја совлада, за разлика од ХИВ инфекцијата, која е долготрајна и хронична и со која телото не може да се избори.

Слично објаснуваат професори-експерти за британски „Гардијан“. Тие потенцираат дека традиционалните вакцини се развиваат од мала количини на жив оригинален вирус или од умртвен оригинален вирус и дека за развојот на таква вакцина треба временски процес кој не е пократок од 5 години. Но, во случајот на вакцината од Оксфорд или онаа на БионТек, станува збор за различни „технолошки платформи“ кои се базираат само на делче од вирусот, кое е ставено на соодветен „носач“ за да таргетира одредена точна цел во човековиот организам. Кога ваквата вакцина се вбризгува во телото, го активира имунолошкиот одговор преку протеинската машинерија за да се спротивстави на коронавирусот, појаснуваат експертите за „Гардијан“. Во исто време, во текстот се појаснува и уште еден погоден момент, а тоа е фактот што многу влади се вклучиле во развојот преку сигурни набавки и финансии што биле дадени однапред за развој на вакцините.

Во таа смисла и во текстот објавен неодамна во Медикл Њус Тудеј се појаснуваат и финансиските аспекти на владите, а и на Европската комисија во развој на вакцините, но и како технолошки се успеало за толку кратко време да се произведат ефикасни вакцини на два начина, преку вакцини произведени на база на аденовирус или преку вакцините со таканречената mNRA технологија на Фајзер и БионТек, како и на Модерна.

Со проверка на факти против дезинформациите за вакцините за ковид 19 и другите болести

Погоре во текстот веќе е појаснета една битна разлика помеѓу инфекцијата од корона вирусот и вирусот на ХИВ – краткорочна и хронична инфекција. Два угледни проверувачи на факти, Ројтерс и Франс Прес, неодамна се позанимавале со појаснување на ваквите разлики, со оглед на фактот што и во западната цивилизација преку социјалните мрежи се шират исти дезинформации околу прашањето зошто за ковид-19 е брзо развиена вакцината, а за справување со сидата-та или различните типови на рак сè уште нема вакцина.

Една од главните причини е и разликата во мутацијата на вирусите, појаснуваат за Ројтерс од Националниот институт за здравство на САД. Во текстот се наведува дека за разлика од корона вирусот, кој мутира многу бавно, дури и многу побавно отколку корона вирусот што го предизвикува грипот, вирусот ХИВ мутира многу брзо и успева да го заобиколи имунолошкиот одговор на организмот. Експертите појаснуваат дека „вакцините во суштина го имитираат имунолошкиот одговор на одреден вирус, но не постојат пациенти заразени со ХИВ кои развиле успешен имунолошки одговор“.

Што се однесува до заболувањата што предизвикуваат канцер, научниците појаснуваат за Ројтерс дека не постои вирус што го предизвикува ракот и дека досегашните сознанија укажуваат на мноштво фактори што доведуваат до развој на ракот.

Наместо тоа (еден вирус или еден причинител – н.з.), научниците веруваат дека токму интеракцијата на многу фактори заедно произведува рак. Вклучените фактори можат да бидат генетски, еколошки или различни карактеристики на поединецот, што доведуваат до ширење на ракот, се вели во појаснувањата добиени од Универзитетот во Стенфорд.

Слични се појаснувањата што ги добиле од Франс прес При проверка на тврдењата дека нешто не е во ред штом вакцината за ковид-19 била развиена толку брзо, а сè уште нема вакцина против ХИВ/сида или против канцер. Таму се истакнува и разликата дека, освен брзата мутација на ХИВ вирусот, тој вирус „влегува во клетките, се вметнува во човечката ДНК и останува сè додека не ја уништи клетката, додека случајот со сарс-ков2 е различен“.

Според сите наведени аргументи, станува збор за дезинформација која почива на испуштен контекст. Во пост-објавата на Фејсбук што ја рецензираме, корисникот не го наведува контекстот на вирусите и болестите и разликите поради кои за едни вируси и болести се успеало да се развие вакцината толку брзо, додека за други и по повеќегодишни испитувања сè уште нема развој, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Коалиција „Маргини“: Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk