ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Со наше учество во гасоводот Александрополис се демонополизира снабдувањето со гас

January 15, 2021 13:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата со години се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас, како и течен гас од САД и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен геостратешки и европски проект, поддржан од САД, гасоводот Александрополис.

Ова во интервју за „Капитал“ го изјави премиерот Зоран Заев, информирајќи дека анализите покажуваат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција.
Тој додаде дека оваа инвестиција обезбедува „букирање“ на капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.

Премиерот Заев оцени дека Владата следејќи ја состојбата во што најмногу се вложува во светот, се посветува на проектите од областа на енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии, кои обезбедуваат економски напредок.

– На местото на стариот рудник во РЕК „Осломеј“ сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра. Термоцентралата ТЕЦ „Неготино“ ќе се трансформира во гасна централа преку јавно – приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија“, вели премиерот Заев додавајќи дека се обезбедени и грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 мегавати во РЕК Битола и дека во првиот квартал од оваа година ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 мегавати фотонапонски електрани и инвестицијата е над 35 милиони евра.

Заев во интервјуто се осврнува и на почетокот на изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13,8 мегавати, која ќе започне годинава. Инвестицијата е вредна 21 милион евра.

Премиерот информира и за проектот „Чебрен“, вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, кој по 11 години, неуспешни обиди на претходната власт, веќе е во следна фаза, откако  на јавниот повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина.
Next Post

Заев: Планираме петти пакет економски мерки, сѐ додека кризата трае Владата ќе делува за ублажување на ефектите од пандемијата

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk