Имено, страницата Трета опција, која е дел од пропагандната структира на Левица и на Апасиев сподели пост за шалот што го носела министерката за образование, Мила Царовска, со хаштаг „Децата крв ќе ви плукаат“. Во постот се дискредитира министерката, но за да се направи „поатрактивен“ и да има што поголем број шерови, страницата Трета опција тоа го прави со директна закана кон министерката, но содржината се однесува на децата на сите преставници на власта.
Хаштагот на Трета опција го презеле 50-тина други профили, но првенствено профилите кои се дел од пропагандата на Левица, како Ленка, Бојкотирам, вклучително и нејзиниот лидер Апасиев. По некое време, од нејасни причини Апасиев го избришал постот од својот профил, нешто што е реткост, со оглед дека неговата тврдоглавост и инает не попуштаат пред фактите и вистината, но овој пат очигледно Апсиев сфатил дека претерал и дека заканата „Децата крв ќе ви плукаат“ може да го однесе на суд. А Јавното обвинителство е органот кој мора да интервенира во случајот.
Иако пратеникот Апасиев го отстранил постот, сепак има медиуми кои направиле фотографии и тоа може да послужи како доказ во истрагата. Не само од неговиот профил, туку фотографии се направени и од сите други профили кои им се закануваат на политичарите дека децата ќе им страдаат.
Ова не е првпат Апасиев и Левица да шират заканувачки пораки и да шират говор на омраза, но дали за прв пат Јавното обвиниелство ќе отвори случај, оти ако се толерира ваквото однесување на пратеник, тогаш каков пример сме ние како држава ов очите на Меѓународната заедница. Се додека ваквиот говор и ваквото политичко делување останат неказнети тоа ќе преставува поттик и за другите политичари од новата генерација, а лесно ваквиот речник може да предизвика насилни инциденти и внатрешна дестабилизација. Дали е тоа е целта на Апасиев и Левица?