ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тунџев: Планирани 20 % повеќе капиталните инвестиции во 2021 година во однос на лани, градиме патишта, водоводи, градинки

January 16, 2021 14:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев остануваат целосно посветени на развој и унапредување на инфраструктурата. Потврда за тоа е и Буџетот за 2021 година, каде капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20 проценти повисоко во однос на минатата година, прес-конференција, Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

„Оваа година се градат и реконструираат патишта, улици, се поставуваат канализациски и водоводни системи, се градат социјални станови, се градат и реконструираат училишта и градинки низ целата држава.

Во моментов, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава. Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта.

За оваа година планирани се нови 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра. Истовремено, во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од околу 14 милиони евра.

Продолжува инвестирањето во обезбедување домови за најранливите категории граѓани. Aктивно се градат вкупно 574 станови во 7 општини, а оваа година планирана е изградба на уште 5 нови згради со вкупно 202 станови.

Со одлично темпо се реализира и процесот на гасификација. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен, како и кон Тетово и Гостивар.

Токму инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти се гарант за рестарт на македонската економија, но и гарант за поквалитетен живот за сите.

Како одговорна партија, преку инситуциите што ги предводиме, остануваме посветени на креирање и реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и на државата.

Градиме по план, инвестираме во проекти важни за државата“, рече Тунџев.

Next Post

Жител на беровско Будинарци лажирал дека е киднапиран, за да земе 10.000 евра од својот татко

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk