ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Околу 23 милијарди денари за капитални инвестиции, владините мерки видливи уште во првиот квартал, најави Владата

January 18, 2021 08:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата очекува ефектите од нејзините мерки за стаблизација на економијата да станат видливи уште во првиот квртал од годината, а од владејачката СДСМ стигнуваат најави за вложување на околу 23 милијарди денари во капитални инвеситции во текот на 2021-та.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера од Тетово најави дека веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, најавувајќи и други средства за пакетот мерки за годинава, покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот сектор и социјални категории кои ги чувствуваат ефектите од ковид-кризата.

Бесими нагласи дека некои мерки веќе се применуваат, потенцирајќи дека се во комуникација со коморите за нивна реализација, при што во континуитет ќе се работи и на нивно промовирање.

– Тоа што е важна порака до стопанствениците и граѓаните е дека ние во секојдневна основа ги следиме движењата, слушаме, добиваме одредени сугестии, правиме анализи и навремено ќе излеземе со одредени мерки, како што беше 2020. По сите извештаи на ММФ и на други релевантини институции и ефектот на микроекономски политики и мерки даде резултат во ублажување во ефектот од кризата што го имаше во нашата економија и нашиот живот, потенцира Бесими.

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека Владата усвоила Програма за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, со која се предвидени 52 милиони денари за надомест на трошоците за набавка на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, печки на палети и фотомапонски панели за производство на електрична енергија.

– Предвидено е да се искористат 52.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на: сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 отсто, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања; ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70 остто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања; печки на пелети во домаќинствата до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања; и фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30 отсто, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство, наведува Заев.

Во исто време, владејачката СДСМ преку партиско соопштение најави продолжување на инвестициите во инфраструктурата и во капиталните проекти, за да се овозможи рестарт на македонската економија и да се обезбеди основа за подобри економски услови и подобар живот за сите граѓани.

– Во Буџетот за 2021 година за капиталните инвестиции се планирани околу 23 милијарди денари, што е за 20 проценти повисоко во однос на минатата година, наведува партијата. /MИА/

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk