ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ објави Анализа за меѓународната инвестициска позиција на македонската економија и на земјите од регионот

January 20, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Структурата на меѓународната инвестициска позиција на македонската економија е поволна, а надворешниот сектор без големи ранливости, се оценува во анализата „Меѓународната инвестициска позиција на земјите од регионот, со посебен фокус на македонската економија“ од Дијана Јаневска-Стефанова, што ја објави Народната банка (НБ).

Во анализата, прецизираат од Кабинетот на гувернерот, акцентот е ставен на големината и структурните карактeристики на меѓународната инвестициска позиција, којашто претставува разлика помеѓу финансиските побарувања коишто земјата ги има од странство (остатокот од светот) и финансиските обврски кон странство. Притоа, се укажува на сѐ поголемото значење на овој показател, во периодот по глобалната финансиска криза, поради што тој е вклучен и во анализите на одржливоста и ранливоста на надворешниот сектор на меѓународните финансиски институции и на останатите носители на политиките.

-Во анализата е даден кус осврт на меѓународната инвестициска позиција на земјите од регионот, во периодот пред и по глобалната економска криза од 2008/9 година. Кај сите земји во регионот меѓународната инвестициска позиција има негативна вредност, што значи дека сите економии имаат поголеми обврски кон странство отколку побарувања, што е и за очекување имајќи ја предвид фазата на економски развој и потребата од надворешно финансирање на економиите во форма на странски директни инвестиции, заеми и слично, соопшти НБ.

Динамичката анализа, се додава во соопштението, покажува проширување на негативната позиција во периодот пред глобалната криза, додека во посткризниот период главно се забележува подобрување.

-Структурно гледано, пред кризата се забележува дека најголема улога за промената на меѓународната инвестициска позиција имаат директните инвестиции, а ефект имаат и тековите коишто создаваат долг. Во посткризниот период, директните инвестиции и натаму растат, но побавно, додека тековите коишто создаваат долг се помали, поради процесот на раздолжување, карактеристичен за овој период, потенцираат од НБ.

Од аспект на одржливоста на екстерната позиција, според еден од ретките нумерички показатели за меѓународната инвестициска позиција од Процедурата за нерамнотежи на Европската комисија (меѓународната инвестициска позиција одредница – 35% од БДП), се посочува, повеќето анализирани земји се наоѓаат над оваа препорачана граница. Имајќи ги предвид недостатоците при формирањето единствен нумерички показател за земји со различно ниво на развој, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите редовни извештаи квалитативно ја проценува екстерната позиција на секоја земја.

-Имено, за целосна слика, покрај висината, треба да се земе предвид и структурната поставеност на меѓународната инвестициска позиција по инструменти, којашто во нашиот случај е поволна поради високото учество на директните инвестиции од околу 90 отсто. Во согласност со наведеното, оцените на ММФ за македонската економија не упатуваат на поголеми ранливости во надворешниот сектор, се заклучува во анализата што ја објави НБ.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk