Бројни светски политичари упатија честитки по инаугурацијата на Бајден и Харис. Меѓу нив се и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Орадор, премиерот на Индија Нарендра Моди и колумбискиот претседател Алваро Уриве.
Порака до Бајден по повод инаугурацијата од Ватикан прати и Папата Франциск.
-Под ваше водство, нека американскиот народ и понатаму црпи сила од високите политички, етички и верски вредности кои ја инспирираат нацијата од нејзиното основање. Во време на сериозна криза со која се соочува целиот свет, ситуацијата бара далековидни и единствени одговори, се молам вашите одлуки да се водат со грижа за градење на општеството обележано со автентична правда и слобода, со непогрешно почитување на правата и достоинството на секој човек, посебно сиромашните, ранливите и оние чиј глас не се слуша,изјави Папата.
Потоа додаде:
– Го молам Бог кој е извор на секоја мудрос и вистина да ги насочи вашите напори кон поттикнување разбирање, помирување и мир внатре во САД и меѓу народите од целиот свет како би се унапредило општото добро. Вам на вашето семејство и саканиот американски народ ви посакувам изобилство на благослови.