Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер.
На средбата, како што соопштија од МВР, биле потврдени пријателските односи, довербата и отсуството на отворени прашања помеѓу двете држави, како и поддршката што Француската Република и ја дава на Република Северна Македонија.
– Двајцата соговорници разговараа за тековната и идната оперативна соработка помеѓу двете Министерства за внатрешни работи, со уверување дека остануваат посветени на започнатите иницијативи и проекти од заеднички интерес како за двете министерства така и за двете пријателски земји, се наведува во соопштението од МВР.