ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здружението на информатичари реагира на новиот концепт за основно образование

January 20, 2021 09:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) информира дека со писмо испратено до Министерството за образование и наука реагира на  најавената концепција во основното образование.

Во писмото се наведува дека со новиот концепт, наместо да се оди во насока на зајакнување на условите за реализација на воведените информатички содржини, се оди неколку чекори наназад и се брише се она што досега постигнато.

– Дури и земјите од нашето опкружување изминативе неколку години, дел и според нашиот урнек започнаа со воведување на информатичките теми во нивните наставни планови, а само ние ќе одиме наназад. Насловот на предметот „Техника, технологија и информатика“ спојува многу различни, во делови и несродни области. Можеби кога се употребува технологија,
комисијата мисли на информатичко-комуникациската технологија, но тоа во општа
смисла не е така. Уште повеќе, таквиот предмет се става во таканаречена „Група Б“
задолжителни предмети, во која покрај тој предмет, се предметите од уметностите и
физичкото образование, се вели во писмото од ЗИМ.

Според ЗИМ, треба да се препознае потребата на учениците и да им се даде добра основа уште од најмала возраст за тие да бидат способни да ја изберат информатиката како идна професија.

– Тоа овозможува земјата да има голем и профитабилен информатички сектор, кој не само што згрижува значаен дел од работната сила, туку за нив обезбедува високи примања, за државата овозможува раст и зголемен извоз, како и висок приход во пензискиот систем, велат од ЗИМ.

Реагираат на укинувањето на претходно воведените теми од информатиката во раната возраст и апелираат да не се оди, како што велат, со избрзани решенија.

– Апелираме да се направат напори информатиката да се изучува во континуитет од трето до деветто одделение, со особена промоција на името на предметот, како би се дал фокус и би се заинтересирале што повеќе ученици да ја изберат информатиката како нивна идна професија.
Апелираме да не се класифицира информатиката во таканаречена „група Б“ задолжителни предмети кога е јасно дека е подмножество од STEM, се вели во реакцијата од ЗИМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

Кац нареди да се изгради камп за 600.000 раселени Палестинци во Појасот Газа

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk