пишува: Арбен Зеќири / ЦИВИЛ МЕДИА
Двете партии кои пред една деценија фингираа oдложување на попис, денеска се сомневаат дека некој може да фингира бројки и проценти во пописот кој треба да се одржи во април. Замислете, дури и владиниот коалициски партнер ДУИ се сомнева на институциите кои сами ги водат, или се партнери во нивното раководство.
На прв поглед може да ни изгледа на 10-годишните сценарија кога ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ глумеа дека имаат несогласувања и тензии за да добијат гласови и да отфрлат одговорност. Но, овој пат не глумат, многу се искрени. Најискрено се наоѓаат во паника, и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не се сфесни колку наши сограѓани се иселија од нивниот 10-годишен режим. Стравот од реалноста која би излегла на виделина беше вистинската причина и за одложување на последниот обид за попис. Немаше конфликт, туку многу добро слушавме во бомбите како се договараат во Собранието да се одложи пописот.
Секој обичен граѓанин, секоја невладина или друга општествена организација има право да се сомнева и да поставува јавни прашања за пописот. Единствени кои немаат право се овие две партии и нивните леви крила кои ги користат како пробни балони кога сакат да лансират некоја теорија на заговор, све со цел покривање на нивното зло.
Замислете, дебатираат за тоа како ќе се попишуваат иселениците. Зарем толкав голем број се тие за да се намали процентот на Албанците или Македонците во Северна Македонија? А зашто тогаш имаме толкав голем број иселеници за кои денеска ви течат крокодилски солзи?
Ако некоја бројка или процент се намалува драстично, за тоа пред сè треба да одговорат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Каде е народот, како „исчезналe” и кога избегале?
Во меѓувреме, се поставува и старото прашање – Зашто пропадна последниот попис?, во кое се крие и дел од одговорот на новото прашање за бројки и проценти!
Текстот е личен став на Авторот.