ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден го прочита писмото од Трамп и ги потпиша првите 17 извршни наредби

January 21, 2021 06:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседателот Џо Бајден, веднаш по влегувањето во Bелата куќа вечерва го прочита писмото што, според традицијата, му го остави неговиот претходник, Доналд Трамп, оценувајќи го како  „многу дарежливо писмо“.

Зборувајќи од Овалната соба во Белата куќа, Бајден кажа дека нема да ја открие содржината на писмото поради почитта кон Трамп.

-Претседателот напиша многу дарежливо писмо, рече Бајден. „Бидејќи беше приватно, нема да зборувам за тоа додека не разговарам со него“, додаде тој.

Бајден потоа ги потпиша серијата од 17 најавени извршни наредби/декрети и веднаш почна да поништува некои одлуки на Трамп.

Како што им потврди на новинарите во Овалната соба, една од првите наредби што ги потпиша беше повторното ангажирање на САД во Парискиот договор за климата.

Што се однесува до пандемијата, 46-от претседател на САД издаде наредба со која се воведува задолжително носење маска во просториите и областите што зависат од сојузните држави, како и при патување меѓу државите во САД, постапка што Доналд Трамп секогаш одбиваше да ја направи.

Една од наредбите се однесува на укинувањето на забраната за влез во САД за државјани на повеќе земји, претежно со муслиманско мнозинство. Забраната беше изгласана само неколку дена откако Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година.

Бајден, исто така, го потпиша и стопирањето на изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико, проект со кој неговиот претходник беше прилично горд.

Во економска смисла, Бајден, исто така, го проширува мораториумот за иселување од луѓето од нивните домови а кои се поврзани со пандемијата.

Бајден пред новинарите изјави дека потпишува „храбри“ извршни решенија за време на неговото прво појавување во Овалната соба.

-Нема подобро време за нов почеток од денеска, изјави тој пред новинарите.

Овие активности, според него, се наменети за исполнување на  неговите ветувања пред американскиот народ.

„Ќе ни треба законодавството за многу работи“, рече Бајден.

Next Post

Набавка на вакцини, најави и подготовки, ЕК ќе предложи механизми за споделување

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk