Независниот пратеник во долниот дом на чешкиот парламент Лубомир Волни, ги навредувал и на крајот физички нападнал неколку колеги. До тепачката дошло во текот на расправата на вонредната ситуација поради пандемијата на коронавирусот.
Назависните пратеници Лубомир Волни и Маријан Бојко го предизвикаа гневот на своите колеги уште на почетокот на седницата, откако денеска демонстративно дошле без заштитни маски, и со тоа ги прекршиле мерките на Владата, по што им се заканува казна од 400 евра.
Кога социалдемократот Томаш Ханзел му рекол на Бојко дека мора да се срами и побарал да стави маска, излегол Волни и го навредувал Ханзел и социјалдемократите дека се од „корумпирана партија“ по што бил предупреден дека ќе му биде исклучен микрофонот.
„Тогаш ќе дојдам да ви седнам во скутот и да кажам во вашиот микрофон“, порачал Волни.
Кога во помош скокнале и другите пратеници, следувала тепачка.
На крај обезбедувањето го исфрлило Волни од салата, на барање на претседателот на Собранието Радек Вондрачек, додека полицијата се занимава со кршење на мерките на двајцата пратеници.