Во посебни категории ќе бидат попишани лицата кои заминале од државата, изјави Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика, во емисијата Вин Вин на Телма.
„Оваа категорија е направена со цел овие лица кои се отсутни до една година да се поишат, втората причина е тоа што поради овој податок луѓето предходно се попишуваа плашајќи се ако не запишат нема да добијат државјанство или имотно право во државата па така свесно даваа погрешни изјави и кажуваа дека тие се внатре во државата и оваа бројка ја оптоваруваа дополнително“, вели Симовски.
Во однос на резиденти, нерезиденти и вкупно население, Симовски рече дека оваа терминологија сега се употребува во Законот и дека лицата кои се подолго отсутни нема да влезе во вкупниот број на населени, туку тие ќе бидат запишани со цел да се одреди нивните карактеристики, образование со цел кога ќе се креира политиката да се знае дали од државата имаме одлив на мозоци и какви профили на луѓе заминале од земјава.