Холивудската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер сподели видео на кое ја прима својата прва доза од вакцината против Ковид-19.
73-годишникот посетил клиника за вакцинација на стадионот Доџер во Лос Анџелес, откако жителите на возраст од 65 години и повеќе биле во можност да ја добијат својата прва доза.
Ѕвездата на франшизата „Терминатор“ ги охрабри другите да ја примат вакцината, користејќи една од познатите реплики : „Дојди со мене ако сакаш да живееш“