ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со топовска завршница и по муви и по слонови

January 22, 2021 10:01
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

И сега, откако Законот за попис е веќе усвоен, не ми е сосема јасно заради што би биле повиците за негов бојкот: во прашање се здравствени грижи во однос на епидемијата или мотивите се „чисто“ политички (страв од резултатите, сомнеж во методологијата и подготвеноста на администрацијата, општа злоба и желба за поткопување на власта…)?

Бидејќи, разбирам, ако е референдум или кога се избори во прашање, дека зад тоа секако стои некаква политичка агенда кон која може да се има, макар и погрешен, политички став за бојкот – но, зошто е операција за спроведување попис прашање што треба да се третира како партиски проект или некаков меѓупартиски „заговор“ на власта насочен против… (изберете одговор)?

Околу епидемиските грижи, веќе имавме можност да се увериме дека, кога државата организира масовки, со строго почитување на пропишаните здравствени мерки, опасноста од ширење на заразата е минимална – и по ланските национални и по штипските локални избори, не се случи никакво битно влошување на здравствената состојба. Со оглед дека сега епидемиолошките статистики се далеку подобри и дека бројките за стекнатиот колективен имунитет – дури и со актуелниот дебакл околу вакцинацијата и непредвидливоста на вирусните мутации – даваат добра основа за (релативна) нормализација на општествениот живот.

Навистина, во неколку земји редовните годишни пописни операции се одлагаат, но и тоа зависи од локалните здравствени проценки за ризикот на ширењето на заразата. Истата дебата, со слични аргументи на вакви и онакви одлуки во различни држави, се водеше и пред спроведувањето на изборите, па прифаќањето на тој здравствен предизвик кај нас, наспроти палетата општествени приоритети, се покажа како сосема оправдан.

Патем, да беше прифатлив предлогот на опозицијата за земање отисоци од попишаните, тие немаше ни да се сетат на здравствените околности за пописното изведување…

На фонот на ваквата состојба, сите одговорни експерти задолжени за креирање на здравствените протоколи не предвидуваат причини за неспроведување на пописот. Впрочем, секогаш останува можноста, доколку се случи некаква неочекувана ескалација во наредните два месеци, одлуката за спроведување на пописот да биде ургентно променета. Тоа за власта би било непријатно на повеќе нивоа, но што дека, ако и тоа евентуално мора да се направи.

Значи, останува „чистата“ политика…

Сегашната опозиција имаше шанса – всушност, обврска – да спроведе попис, без пандемии и опструкции од тогашната опозиција, во некоја од годините во целата деценија додека последен пат беше на власт. Тргнаа, застанаа, па се откажаа. Дури и денес не е сосема јасно зошто, освен што македонските и албанските националисти не сакаат какви било пребројувања чиј резултат не можат да го предвидат во корист на своите шовинистички агенди. Тие на пописот гледаат исклучиво како на етно-статистичка операција и нема аргумент со кој можете да ги разуверите за тоа.

Следствено, ако самите не успеаја да спроведат попис, какви беа шансите со нив сега, кога седат фрустрирани и лути во опозиција, да се постигне „компромис“ околу спроведувањето на пописот? Напразни се експертските уверувања за безбедноста и контролата на реалноста на податоците, а не е доволна ни меѓународната поддршка за издржаноста на методологијата и начинот на кој ќе се спроведе пописот.

Сето тоа нè враќа на тезата дека ВМРО-ДПМНЕ не би прифатило ништо што може да се третира како „успех“ на сегашната власт, иако добро спроведен попис е успех за државата, а не за партиите кои раководат со неа. „Нишанските справи“ на таа политика на „колку полошо, толку подобро“ одамна се баждарени на начин со истиот топ да се гаѓаат и муви и слонови.

И тука нема помош барем до следните избори, кога повторно ќе треба да се соочат со резултатите од својата погрешна политичка артилерија – особено доколку пописниот бојкот вроди со плод.


 

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Повторно одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk