– Пред сè, многу сум среќна што Законот за попис помина во Парламентот, уште повеќе што помина со поддршка на два опозициони партнери, и владината коалиција. истакнува амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, во интервју за „Гласот на америка“.
Таа истакнува дека ова е важен чекор за државата.
„Северна Македонија немала попис речиси 20 години, а тоа се одрази врз процесот на водење на политиките, бидејќи точните податоци за населението се важен дел во планирање на иднината. Очекуваме дека Владата ќе осигура пописот да го направат професионалци, што ќе обезбеди инфорамции кои ќе ѝ помогнат на државата во однос на иднината.“, потенцира амбасадорката Брнз.
Ј. Ѓ.