ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Фотографија од Јегуновце повторно се користи за лажна вест на ист датум но во различна година

Она што најмногу интригира, е дека после точно една година, на ист датум, истата фотографија повторно се пласира како лажна вест. Разликата е само во текстот кој е со изменета конотација.

January 24, 2021 10:17
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Криејќи се позади наводни објави од социјалните мрежи некои портали што најчесто се хранат со невистини и дезинформации, безмалку секогаш се обидуваат да протнат лажни вести. Во оваа лажна вест, новост е тоа што истата форографија се пласира како поткрепа за лажна вест по втор пат точно после една година.

Станува збор за фотографија од санитарни простории во училиште, која на порталот Експрес.мк се прикажува како сегашна, a всушност се работи за стара фотографија, која комплетно не содејствува со сегашната состојба. Всушност, фотографијата и првиот пат кога беше злоупотребена како лажна вест, не ја прикажуваше фактичката  состојба.

Конкретно за оваа фотографија, пред точно една година Фронтлајн по пријава на граѓанка од Јегуновце разобличи лажна вест (наслов на веста: Тоалетите во училиштето во Јегуновце се реновираат, а не се рушевини). Станува збор за тоалетите во училиштето „Александар Здравковски“ во Јегуновце.

На повеќе интернет медиуми, тогаш се појавија содржини во кои се „известуваше“ дека учениците од основното училиште во село Јегуновце, Тетовско, нема каде да измијат раце, во сезона на инфекции и грипови.

Градоначалникот Дарко Блажевски, на 24.1.2020 година за Фронтлајн изјави дека тоалетите биле руинирани, иако училиштето било реновирано во 2008 година. Појасни дека дури и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општината гласале за реновирање, а откако завршил тендерот, веднаш се почнало со градежните работи. Ова се фотографии од реновираните тоалети испратени до нашата редакција од страна на училиштето на 28.1.2020 година (наслов на текстот: Заличија тоалетите во училиштето во Јегуновце), од кои може да се забележи дека тоалетите се реновирани.

Реновирањето при крај
Реновирањето при крај
Реновирањето при крај

Реновирањето при крај
Реновирањето при крај

Она што најмногу интригира, е дека после точно една година, на ист датум, истата фотографија повторно се пласира како лажна вест. Разликата е само во текстот кој е со изменета конотација. Тогаш, на 23.1.2020 година веста која беше пласирана од порталите беше намената за предвремените парламнетарни избори (очигледно да се оцрни работата на Општината и раководството на училиштето), а денес како што пишуваат во насловот на текстот „Реформи требаат зарем не?“ е очигледно наменета за деградирање на најавените реформи во образованието од страна на МОН.

Колкава е веројатноста „случајно“ да се пласира лажна вест на ист датум во различна година, навистина е многу интересно прашање.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

Next Post

Царовска: Новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој, раст и унапредување на идните генерации (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk