Новиот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Велика Британија, „пристигнал во Србија“, за што бил известен министерот за здравство, Златибор Лончар.
– Патничка од Лондон, која беше негативна на PCR-тестот, го донесе тој вид, нејзиниот сопруг имаше сериозни симптоми, истакна Вучиќ за ТВ Прва и додаде дека ги испитале сите контакти на таа жена и се обиделе да ги изолираат. Вирусот е откриен на институтот Торлак. /МИА/