Директорот на Фондот за иновации Коста Петров во 24 анализа рече дека мерките се прават консултативно, ќе бидат таргнетирани како и претходниот пакет и овие мерки ќе помогнат во рестартирање на македонската економија.
„Важно е да се види ефектот на она што го правиме. Жвееме во глобална криза и го дадовме макксимумот и ефектите се очигледни. Има разлика во економијата од вториот и третиот квартал. Ова е инклузивен процес. “ – рече Петров.
Петров рече дека се надева на силен рестарт годинава иако никој не може да даде точна проценка каква ќе биде економијата, но смета 2021 ќе биде година на заздравување. Петиот пакет на мерки е во финална фаза и во најбрзо може рок ќе биде соопштен пакетот мерки. Тој истакна дека ќе се продолжи со финансирање и владата ја користи кризата за трансформац ија на економијата за да се постигне зацртаниот раст.