ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Сегашната законска рамка дава простор да се испитува потеклото на имот

January 25, 2021 06:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да се направи сериозна анализа на законската рамка и на праксата за да може да се дојде до заклучок дали има потреба од промена на Законот за спречување корупција и дали има потреба од нов закон, смета министерот за правда Бојан Маричиќ во однос на утврдувањето на потеклото на имот на функционерите.

– Мислам дека сегашната законска рамка дава простор да се испитува потеклото на имот. Има одредба во Законот за спречување корупција, според која постои можност, таму каде што има основано сомнение дека имотот на лицето, кое е должно да поднесе изјава за состојба на имотот, доколку е несразмерно со неговите примања. Во тој случај, ДКСК може да поднесе иницијатива за испитување на потеклото на имотот и доколку тој имот или тие приходи кои се оданочени не одговараат на пријавената или согледаната состојба,  против лицето или против функционерот да се покрене кривична пријава пред надлежното јавно обвинителство, рече Маричиќ во емисијата „25 минути“ на Телевизија 24.

Досега немало ваква истрага, а објаснувањето на Антикорупциската комисија, рече тој, секогаш било дека оние функционери кои, евентуално, прават корупција се доволно мудри да не го пријавуваат имотот или да не го зголемуваат формално во времето додека се функционери, туку да го прават тоа по завршување на нивниот мандат, кога веќе ДКСК нема надлежност за тој функционер.

– Во новиот закон кој беше донесен пред извесно време се овозможува до десет години за поранешните функционери да бида достапна ажурирана верзија. Тоа не е случај сега, но тоа е релативно нов закон и затоа не се однесува на оние функционери кои не се функционери три-четири години, рече министерот за правда.

Управата за јавни приходи има редовно увид во сите примања, додаде Маричиќ, УЈП има посебна постапка за утврдување на даконот и по таа основа има јасен увид кој каков имот добива и како е тоа оданочено.

Во однос на примањата на владините функционри кои на веб-страницата на Владата беа објавени пред неколку дена, Маричиќ посочи дека тие се законски определени, по коефициент утврден во Законот.

Се согласува дека треба да бидат објавени и на сите други функционери кои се платени од државниот буџет.

– Ако сме почнале од Владата,  би требало да продолжи за сите. Тоа треба да биде иницијатива на ДКСК, а јас би ја поддржал, рече министерот за правда, додавајќи дека во однос на транспарентноста по ова прашање има огромен напредок во последните три години.

Next Post

Се чекаат првите вакцини „Фајзер“ од Србија и термините за достава од КОВАКС механизмот

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk