Граѓанското општество ќе ја следи имплементацијата на образовната реформа затоа што е многу важно таа и реално да заживее во училиштата. Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, по денешната дебата за новата концепција за основно образование, со граѓанските организации, изјави дека ја поддржува концепцијата со која се овозможува развој на потенцијалот на секое дете.
„Освен научниот карактер на образованието, воспитната компонента е исклучително важна. Според податок на Светска банка, еден просечен ученик поминува околу 1.000 часови годишно во училиште. Оттука, училиштето мора да биде безбедна средина, средина којашто ќе овозможи раст и развој на целокупниот личен потенцијал на секое дете. Особено во основното образование се многу важни градењето на демократски капацитети, вредности и ставови кај младите. Оттука, ја поддржуваме концепцијата, бидејќи конечно гледаме концепција која овие вредности и принципи ги става во својата основа“, изјави Цветковиќ.
Училиштата треба да станат безбедна средина за децата, а тоа може да се постигне токму со вгрaдување на силна воспитна компонента во основното образование, смета Цветковиќ.