ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Директорот на „АстраЗенека“: ЕУ ги нарача нашите вакцини три месеци по Велика Британија

January 27, 2021 12:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Главниот извршен директор на фармацевтскиот гигант „АстраЗенека“, Паскал Сорио, упати апел до европската јавност да покаже разбирање во врска со одложувањата на планираните испораки на вакцините против Ковид-19, додавајќи дека компанијата не е законски обврзана со одредена временска рамка, јави ДПА.

-Тоа не е обврска што ја имаме кон Европа, изјави Сорио за италијанскиот весник „Ла Република“. Токму спротивно, додаде тој, „рековме дека ќе се потрудиме“.

ЕУ го потпиша својот договор со нашата комапнија три месеци подоцна отколку што го стори тоа Велика Британија, но очекуваше испораките да бидат истовремено, кажа Французинот во интервјуто, објавено доцна синоќа, пренесува германската агенција.

Европската комисија, која во август лани склучи договор за набавка на 400 милиони дози од вакцината произведена од Универзитетот во Оксфорд, е бесна откако британско-шведската компанија минатата недела соопшти дека ќе доцни со испораките.

ЕУ соопшти дека очекувала до крајот на март да добие 80 милиони дози, но сега очекува само 31 милиони, додава ДПА.

– ЕУ има цел до крајот на февруари да и се испорачаат 17 милиони дози, соопшти Сорио, нагласувајќи дека вакцината ја произведуваат без профит.

Официјалните претставници на ЕУ попладнево ќе треба да спроведат трет состанок во ова криза со претставниците на земјите-членки и компанијата.

„Одложувањата се предизвикани од прашања поврзани со зголемувањето на производството на лекови на една локација во ЕУ“, кажа Сорио, но тоа е објаснување што досега не ги задоволуваше претставниците на ЕУ.

-Ние исто така имавме проблеми во ланецот за снабдување во Велика Британија, рече тој. „Што се однесува до Европа, заостануваме три месеци во решавањето на грешките“, додаде тој, пренесе ДПА. /МИА/

Next Post

„АстраЗенека“ одби да се сретне со највисоките претставници на ЕУ

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk