ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Во сеќавање на повеќе од 6 милиони Евреи и Роми, доживејте ја современата еврејска креативност од Штаерска преку концерт

January 27, 2021 09:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тимот на австриската амбасада во Северна Македонија во спомен на жртвите на холокаустот, како што нагласуваат – и оваа година споделува силен знак на живот од нашите еврејски сограѓани во Австрија, со концерт на Мориц Вајс Клецмер Трио, кој за жал поради пандемијата не може да биде во живо.

„Пред 76 години, Црвената армија го ослободи концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Ова ослободување дојде предоцна за повеќе од еден милион затвореници кои беа убиени во овој најголем нацистички логор за истребување од октомври 1941 година; со гасови, потоа изгорени и конечно здробени, со цел да се уништат сите траги.

На 27 јануари ги одбележува денот на сеќавање на повеќе од 6 милиони луѓе од Европа, главно еврејски сограѓани, но исто така и на бројни Роми кои не го преживеале овој геноцид, вклучувајќи 7.144 лица од Северна Македонија кои беа депортирани во март 1943 година за време на тогашната окупација и убиени во логор на смртта  Треблинка.

И покрај овие страшни бројки, преживеа не само сеќавањето за ужасите на холокаустот, туку пред сè и социјалното делување на нашите сограѓани Евреи во Европа и нивните извонредни достигнувања во различни области. Во областа на културата ова ја вклучува традицијата на клецмер музиката, која Мориц Вајс Клецмер Трио вешто ја комбинира со елементи на џез и класична музика. Доживејте ја современата еврејска креативност од Штаерска/Австрија на концертна снимка од ноември 2020 година.

Не треба да остане наспоменато и дека Австрија одлучи не само да им овозможи на сè помалата група на луѓе кои го преживеале холокаустот да добијат или повторно да се здобијат со австриско државјанство, туку од 1 септември 2020 година исто така и на сите нивни потомци (вклучително и посвоени деца).

Суштинската одредба од Законот за австриско државјанство гласи (во извадок): „Странец стекнува … [австриско] државјанство, ако писмено го извести органот … дека заминал во странство пред 15 мај 1955 година како [австриски] државјанин или државјанин на една од земјите наследнички на поранешната австро-унгарска монархија или лице без државјанство со главен престој на [австриската] федерална територија, бидејќи тој/таа имал/а причина да стравува или претрпел/а прогон од страна на органите на НСДАП или властите на Третиот Рајх.

Странец се стекнува со [австриско] државјанство, ако писмено го извести органот … и докаже со несоборливи документи или други соодветни и еквивалентни средства за потврда дека тој/таа е потомок во директна линија на лице кое стекнало или можело да стекне државјанство во согласност со став 1. Децата посвоени како малолетници исто така се сметаат за потомци“.“

Next Post

Тавилах за МИА: Колку повеќе луѓе ќе се вакцинираат, толку повеќе циркулацијата на вирусот ќе се намали, а со тоа и неговиот потенцијал за нови мутации

НАЈНОВО

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025
Скриншот

Нападот во воз кон Лондон: Персоналот кој се обидел да го спречи напаѓачот во животно загрозувачка состојба

November 3, 2025

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk