ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Низ дијалог со компаниите ќе ги утврдиме профилите кои ќе ги отвориме во стручните училишта од идната учебна година

January 28, 2021 07:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Средните стручни училишта треба да бидат со отворени профили согласно потребите на пазарот на труд. Затоа заедно со стопанските комори и со локалните самоуправи и Министерството ќе процениме за идната учебна година во која општина од кој профил има потреба, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

Министерството за образование и наука соопшти дека во гостување во Економски магазин на Алсат ТВ, министерката најави дека за таа цел ќе се организираат 13 средби на кои низ социјален дијалог на локално ниво ќе се утврди кои се профилите кои треба да се отворат во средните стручни училишта. Веќе е направена анализа со 450 компании за нивните потреби и заинтересираноста за соработка и овие локални средби ќе бидат само потврдување на анализата.

-Во изминатите години по инерција истите профили кои биле отворени децении остануваат отворени и понатаму, иако не одговараат на реалните потреби на пазарот на трудот. Учениците од овие паралелки и профили ќе може да бидат и со пракса вклучени во компаниите за тој линк уште во првиот ден да се создаде помеѓу училиштата, компаниите и учениците. Ова го правиме за самите ученици и родители да стекнат доверба дека во општината има училиште коешто не е заборавено, туку напротив е училиште кое ќе му обезбеди работа на моето дете, рече Царовска.

Министерката вели дека верификација на профили согласно барањата на реалниот сектор ќе се направи за идната учебна година затоа што тие училишта реално постојат.

Во однос на бројот на ученици кои се запишуваат во средните училишта, министерката рече дека е најважно да се почитуваат законите.

-Со години сме сведоци дека се прави отстапка од законите кои предвидуваат колкав број ученици може да се запишат во една паралелка, но така создаваме неквалитетно образование. Затоа законите мора да се почитуваат и тоа е првиот механизам. Вториот механизам е промени во начинот на стипендирање. Ако со години стипендираме општо образование, а не стипендираме средно стручно не сме успогласени со реалните потреби на реалниот сектор. Оваа година објавивме стипендии директно насочени кон средно стручно, но за наредната година планираме стипендиите да бидат мотивирачки и предвреме да се објават со конкурсите и најдобрите ученици од основно образование. На овој начин да бидат мотивирани да се запишат во стручите училишта, рече Царовска.

Министерката посочи дека, исто така е важно да се создаде доверба помеѓу општина, компанија и училиште бидејќи така ќе ја вратиме довербата во средните стручни училишта, а и ќе придонесеме за подобра иднина на младите. Значајно е и тоа што завршувањето на средно стручно е секогаш подобар старт за запишување на техничките факултети.

Next Post

СЗО: Британската мутација на коронавирусот присутна во 70 земји

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk