ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петтиот пакет мерки ќе ги опфати најсиромашните граѓани, медиумите, угостителите

January 28, 2021 19:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев попладнево во Собранието одговарајќи на пратенички прашања сподели дел од мерките предвидени со петтиот пакет за поддршка на граѓаните,  работниците, стопанството и економијата.

Една од мерките, како што рече, е да се избришат сите камати по долгови кои граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции за долгови постари од три месеци под услов да си го регулираат на 12 рати долгот кој го имаат.

– Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија, се. Најмногу се погодени граѓаните кои дефинитивно не можеле да постигнат да ги плаќаат редовно сметките. Целта ни е не веднаш да го вратат долгот, туку на 12 рати да склучат договори, веројатно ќе го доразработиме со ратите и се, но и да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да го олесниме, рече Заев, додавајќи дека намерата е да ги избришат сите камати за долговите кои се за физичките лица и оти со законско решение тоа е возможно.

Во втората фаза, додаде, сакаме да ги помогнеме таргетирано најсиромашните, односно тука ќе биде димензиониран вториот сегмент од петтиот пакет. Третиот пакет ќе биде поддршка на економијата.

– Ќе предложиме еден пакет преку Банката за поддршка на развојот со грантова шема да дадеме безкаматни кредитити за сите погодени од кризата, посебно најтаргетираните, каде што ќе поттикнеме да покажат позивитен успех на крајот на 2021 година. Ако дадеме 10.000 евра грант ќе продуцираме да покажат позитивен успех во 2021 за да мотивираме развој, рече Заев.

Посочи дека ги таргетираат и хотелите надвор од туристичките места за кои сакаат да дадат грантови или одредени мерки, а најави дополнителна мерка и за тутунот. Угостителските објекти и транспортот на патници, додаде Заев, се директно загрозени од мерките на Владата, и тука ќе развијат дополнителни пакети на мерки.

Во однос на медиумите, рече дека исто така се директно погодени бидејќи плаќаат 49 милиони и 500 илјади денари годишно концесии, а треба до крајот на фебруари да ги платат.

– Целта е Владата без какби било интеракции со медиумите да помогне кај АВМУ, а АВМУ ако може да ги ослободи медиумите од таа концесија, тоа е купче 50 милиони денари за сите медиуми, да помогнеме, заклучи Заев.

Тој додаде дека се во завршна фаза на отворен дијалог со синдикатите, со коморите, социјалниот совет и сите заинтересирани граѓани да се развие петтиот пакет мерки кој, како што рече, ќе даде резултати во овие услови.

Одговарајќи за економската состојба во државата и за реализацијата на капиталните инвестиции во земјава, Заев нагласи дека во 2020 година кога во целиот свет е пандемија, ние имаме едни од најдобрите резултати на европскиот континент.

Во делот на енергетиката, Заев рече дека за прв пат има заинтересирано 10 големи компании за хидроцентралата Чебрен и Галиште.

– После 30 години зборување за овој проект да успее, ќе успее Чебрен, затоа што ја имаме најголемата француска, двете најголеми австриски, најголемата грчка, најголемата шпанска, една турска, две кинески и други европски компании, вкупно 10, од кои 9 ја поминаа првата фаза. Проектот е вреден 800 милиони евра. Проектот е џиновски, го подигнува БДП, создава нова регионална батерија во делот на балансирањето на енергијата во целиот регион и огромно производство, преку 300 мега вати на хидро-енергија. Се работи за комплетно еколошки сработен проект, рече Заев.

Тој ја повика опозицијата да застане заеднички кога се работи за проектот за Клиничкиот центар во Скопје, за кој, како што рече, обезбедена е локацијата, донесен е урбанистичкиот план, се изведува инфраструктура, водовод, пристапен пат, гас, напојување, а има интерес од познати инвеститори.

– Да застанеме заедно зад стратешките интереси, овие блокади во Парламентот знае нашиот народ кој ги прави и колку тоа чини за економскиот стандард, апелирам да им служиме на граѓаните и државата, повика Заев во Собранието, каде е во тек седница посветена на пратенички прашања.

Next Post

Царовска: Имаме обврска да организираме матура, тоа е услов матурантите да се запишат на факултет

Shortcut

Најново

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk