ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нов Центар за деца во ризик и Прифатен центар за деца-минувачи

January 29, 2021 15:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, каде во моментов во завршна фаза е реконструкцијата на дел од овој објект и негова пренамена, по која наскоро треба да почнат да функционираат Центар за децата во ризик и Прифатен центар за деца-минувачи.

Во  Центарот  за децата во ризик ќе им се обезбеди помош, заштита, социјализација и надзор, со примена на соодветен, краткотраен и интензивен психо-социјален третман. Центарот во најмал временски период со примена на интензивни методи, треба да изврши позитивно влијание врз личноста и поведението на детето, да се разрешат неговите основни развојни проблеми, да се надминат последиците, да се делува на развивање на неговите потенцијали, со цел за негова успешна интеграција во социјалната средина.

Во прифатниот центар за деца-минувачи ќе се обезбеди заштита на децата во ризик на возрaст од 7 до 18 години, кои од разни причини ги напуштиле своите домови или установи за социјална заштита и се нашле во ситуација на социјален ризик, ќе се обезбеди нужно згрижување на децата во ризик и утврдување на нивниот идентитет, ќе се откриваат причините кои го довеле до положбата во која се нашло детето и предавање на органот за старателство, родителот или органите на МВР, и известување на надлежниот Центар за социјална работа, и ќе се формира едукативен центар за родители на деца во ризик.

Престојот на децата во овој центар ќе трае најмногу до седум дена, а во исклучителни случаи и повеќе. За ваквите исклучителни случаи, по истек на седмиот ден се известува Центарот за социјална работа. Приемот на децата во  овој центар  ќе се врши по предлог на органите за внатрешни работи, центрите за социјална работа и други државни органи и организации.

Министерството за труд и социјална политика, преку процесот на деинституционализација како дел од социјалната реформа обезбеди сместување и живеење на сите деца сместени во големите институции во мали групни домови.

На овој начин, на децата со воспитно-социјални проблеми и децата во судир со законот им се обезбеди сигурна средина за живеење, организиран стручен пристап во насока на промена на  атипичното однесување кон подобро и позитивно, максимално развивање на нивните  потенцијали и потреби, како и вклучување во воспитно-образовниот систем.

 

/МИА/
Next Post

ОЈО поднесе обвинение против учесник во странска војска баран со потерница

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk