ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Зелен светлосен „React/or“ во „Поштата“ во Скопје

January 29, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„React/or“ е светлосна инсталација направена на зградата на шалтерната сала на „Пошта на Северна Македонија“ во Скопје, на скопскиот светлосен дизајнер Mартин Димитријев.

Како што соопшти денеска Младинскиот културен центар (МКЦ), скопскиот светлосен дизајнер Mартин Димитријев со оваа дистописка инсталација го преиспитува гледањето кон денешниот град и неговите знаменитости, кои ги имаме запоставено и загадено од физички аспект, но и од аспект на човечки вредности.

– Нуклеарните и хемиските реакции во јадрото на зградата симболизираат создавање нова енергија, нов импулс за создавање и повторно обмислување на градските простори. Зелената боја на фасадата, не случајно избрана, ја симболизира новата енергија, новиот импулс за создавање и повторно обмислување на зградата на уништената шалтерна сала, но и другите градски простори, се вели во соопштението од МКЦ.

Според МКЦ, Поштата е една од малкуте згради претставници на специфичен архитектонски стил, карактеристичен за едно време и при инсталацијата е третирана со сета должна почит и внимание кон архитектот и зградата, со акцент на ненаметливост на инсталацијата и задржување на автентичноста на објектот.

– По неколку прошекти околу објектот внатре и надвор, разгледувајќи фотографии и спомени на скопјани од оваа зграда, заклучив дека таа може да претставува извор на непресушна енергија, нешто што може лесно и само по себе да се регенерира, обнови, нешто што ми дава надеж дека не е тажен крај. Токму од таму и доаѓа името РЕАКТ/ОР изведено од зборот РЕАКТОР, кој означува извор на енергија. Но, покрај оригиналното значење има и една заднинска мисла, за мене лично многу важна, а тоа е делбата на зборот РЕАКТОР на два дела, односно РЕАКТ (англиски REACT) и ОР (англиски OR). Во овој случај, мојот превод на името на делото е: ‘Ќе реагираме, ИЛИ?’ Мислам дека ова е наслов што отвора многу прашања, многу мисли недовршени, многу теми зачнати, многу разговори започнати, изјави Димитријев.

Од МКЦ потсетуваат дека објектот на централната пошта во Скопје е проектиран од архитектот и уметник Јанко Константинов, а завршен е со градење во 1979 година. Шалтерната сала на поштата, заедно со дел од канцелариите на вториот кат и покривот целосно изгореа во пожарот што го зафати објектот на Поштата на почетокот на 2013 година, а штетата од аспект на културно-историско, уметничко и градско наследство е непроценлива.

– Симболично, долниот кат на поштата е целосно темен, на вториот кат се осветлени неколку канцеларии со внатрешна зелена светлина, која кулминира со светлата што ги осветлуваат горниот кат и покривот. Тешко забележливото светлосно пулсирање на горниот кат на фасадата и на покривот на зградата е поврзано со името на инсталацијата, „React/or“ и со пораката што делото ја испраќа. Внатре, хемиските и нуклеарните реакции во јадрото на зградата го симболизираат создавањето на нова енергија, нов импулс во креирањето и реобмислувањето на јавните простори, соопшти МКЦ.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) кон крајот на минатата година веќе ја оствари првата средба со директорот на „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, на која е договорено наоѓање трајно законско решение за овој објект, уредување на механизмите за управувањето на објектот и неговото понатамошно одржување.

– Заклучок на делото и пораката што ја испраќа е тоа дека доколку водиме сметка за работите, ги одржуваме, им посветуваме внимание и се грижиме за нив, тие ќе бидат тука, ќе живеат со нас и ќе ни служат. Доколку ги запоставиме овие клучни акции, ќе ги изгубиме не само објектите и градбите, туку и сите јавни простори, места и градски топоними, а со нив ќе заминат и сеќавањата и спомените од нашето Скопје, се додава во соопштението од МКЦ.

Оваа светлосна инсталација е реализирана преку европскиот проект ROCK, а во соработка со Град Скопје и АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје.

 

/МИА/
Next Post

Колозова: Според Транспаренси најмалку корупирана земја сме биле кога ЕУ нè прогласи за „заробена држава“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk