„Над 20.000 членови го ажурирале своето членство за првите 10 дена. Задоволни сме од транспарентноста, демократскиот капацитет и начинот на којшто се реализираа оваа акција, почитувајќи ги сите мерки за заштита на здравјето”, напиша на својот Фејсбук профил Љупчо Николовски.
Згрозен сум од обидот преку тенденциозни и опасни лаги да се наруши мојот и угледот на мојата фамилија. Несфатливо е како во 2021 година сè уште во јавноста, без трошка совест и одговорност се објавуваат вакви наслови: „Таткото на Бојан Маричиќ сликан гордо со статуата на Хитлер и книгата Мојата борба“, пишува министерот за правда Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил.
Пописот 2021 во Северна Македонија ќе се спроведе со нова методологијата која за првпат ќе се применува кај нас и која во еден дел вклучува и електронски попис. Овој комбиниран модел е познат во светската пракса и е во согласност со препораките на ОН и Евростат, напиша Премиерот на Фејсбук.
Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, соопшти денеска Министерството за финансии.
МОН денеска соопшти дека заедно со Владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 учениците кои ја пријавија да ја полагаат и да продолжат да учат и да се запишат на факултет. Според Министерството, бојкотирање на оваа суштинска должност и одговорност е неприфатлива.
Борбата меѓу ЕУ и Велика Британија ја открива грдата вистина за национализмот на вакцините. Вакцините сега се тука и солидарноста некако избледе. Меѓу Обединетото Кралство и Европската унија, тоа исчезна целосно и почна сеопфатната битка околу тоа кој има повеќе право на десетици милиони дози произведени од британско-шведскиот производител на лекови АстраЗенека.
Ситуацијата со Јавна соба е фина шлаканица, која требаше уште лани, ама за жал еве и годинава не нè освести. Не можам да сфатам како луѓето лесно прифаќаат да бидат дел од една катастрофална состојба, а притоа да не пробаат одлучно да придонесат за нејзино менување, пишува новинарката Вики Чадиковска.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.
Погледнете во каков луксуз живеат најбогатите луѓе на светот според Форбс.