ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Македонскиот јазик избришан во 2006 година, го вративме во преговарачката рамка на ЕУ

February 3, 2021 16:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во дебатата по повод интерпелацијата за неговата работа во Собранието на Република Северна Македонија, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров потсети каде е македонската кауза денеска за разлика од претходниот период.

„Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации. Државјанството ни беше на ФИРОМ. Денеска сме Северна Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија, за која што немаме спорови, е во северниот дел од регионот. Македонскиот јазик е во нашата лична карта и ја заокружиме државноста и членството во ОН. Влеговме во НАТО и за нас повеќе не се зборува по ходниците во НАТО.

Тоа е сосема различно со македонската кауза и македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година. Македонскиот јазик е вратен во нацрт преговарачката рамка и ние како Македонци кои зборуваат македонски јазик ќе успееме и со европската интеграција бидејќи знаеме како и го покажавме тоа“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е затворена тема, рече Димитров, и додаде дека ние апсолутно не смееме да го губиме времето во чекање туку да работиме на остварувањето на европските стандарди и принципи дома.

„Нашата битка за македонскиот идентитет, јас сум убеден дека го говорам ова во име на сите земји членки и на институциите во Брисел, е истовремено и битка за европскиот идентитет. Ако ЕУ ја гледаме заедница на вредности, една од тие суштински вредности наведена во Лисабонскиот договор е почит, заштита и нега на културните и јазичните различности на сите народи на европскиот континент. Во таа смисла ако ЕУ е заедница на вредности не може да биде оспорено правото на самоопределување на македонскиот народ кој говори македонски јазик. Тоа се нашите позиции таму“, нагласи Никола Димитров од собраниската говорница.

Next Post

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 568 пациенти со Ковид-19

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk