„Интерпелацијата за Димитров е уште еден неуспешен обид на ВМРО ДПМНЕ, и наместо да го поминуваме времето корисно во парламентот, да носиме закони важни за граѓаните, ние во моментот таму имаме пласирање лажни вести, клевети и навреди, она што ВМРО ДПМНЕ знае најдобро да го прави. Не може за тоа што не започнаа преговори со ЕУ вината да биде кај Димитров. Сите се изненадени од одлуката на Бугарија и тоа не е во духот на Договорот за добрососетство, потпишан на двата официјални јазици. Таквата одлука не е во духот на европските вредности. Целиот демократски свет е изненаден од одлуката на Бугарија и ја осуди како неисправна. Ние имаме Договор со Бугарија, преку кој треба да градиме соработка во духот на европските вредности. Можеби кај одредени политичари во Бугарија, сега ќе имаат избори во април таму, ова е своевиден притисок, па единствената карта им е да играат на национализам насочен кон Северна Македонија.“- изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, на телевизија Канал 5, зборувајќи за неоснованоста на поднесената интерпелација.
Изрази уверување дека преку дијалог и разбирање Северна Македонија и Бугарија ќе најдат заедничко решение со кое ќе се надмине ваквата ситуација.