ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: „Додека жените не се слободни, сите сме заробени“, за што сум обвинет, зошто не испорачав преговори по цена на јазикот и идентитетот? – праша Димитров…

February 3, 2021 18:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Димитров за интерпелацијата: За што сум обвинет, затоа што не испорачав преговори по цена на македонскиот јазик и идентитетот?

Димитров: До лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ – демантите ви се ордени, наместо резили. Вицепремиерот и порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека ако не ја сфати сериозноста во која се доведуваат и како личности, но и партијата и земјата, ќе останат само лажни патриоти кои за да дојдат на власт, би застапувале и антимакедонски ставови.

Димитров: Македонскиот јазик избришан во 2006 година, го вративме во преговарачката рамка на ЕУ. Тоа е затворена тема, рече Димитров, и додаде дека ние апсолутно не смееме да го губиме времето во чекање туку да работиме на остварувањето на европските стандарди и принципи дома.

Регистрирани 350 нови ковид случаи. Регистрирани се 266 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден.

„Додека жените не се слободни, сите сме заробени“ – порака на протестниот марш за „Јавна соба“. Со транстапаренти „Жртвата никогаш не е виновна“, „Ако не ги казнувате силувачите, вие сте силувачот“, „До кога ќе ме ме уценуваш ако кажам НЕ?“ започна маршот под мото „Јавна соба е кривично дело“ во  организација на Платформа за родова еднаквост.

МВР ќе ги изнесе пред Обвинителство сите докази за случајот „Јавна соба“. МВР апсолутно ги поддржува барањата на граѓаните во однос на „Јавна соба“. Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавното обвинителство. Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од „Јавна Соба“, стои во соопштението од МВР.

Филипче: Вакцинацијата ќе почне овој месец со 200.000 кинески вакцини. И овие преговори кои ги водиме сега со „Фајзер“, и тие кои ги завршуваме со кинеската компанија се навистина тешки и бараат многу детали, додаде Филипче.

Сарачини: Жените секојдневно се жртви на сексуално насилство и вознемирување, потребни се коренити мултидимензионални реформи. Според него, за пресврт и менување на состојбите се потребни длабоки реформи во повеќе сфери, од кривичната сфера, па сè до едукација на најмладите.

Заев и Шахпаска: Градиме системски решенија за најранливите граѓани да добијат домување, пристап до здравство, образование и вработување. Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјата Дејвид Гир истакна задоволство што презентираните проекти во голем дел ќе го подобрат животот на ромската заедница и додаде дека заедничка цел е да создадеме еднакви можности за ромското население.

До денеска 70 македонски граѓани со двојно државјанство се вакцинирале во Врање. Јадранка Ајановиќ, директор на ДЗ во Врање, посочи дека за вакцинирање на странските државјание потребно е да бидат соодветно електронски пријавени преку Е-Управата, како што е протоколот за сите граѓани од Република Србија.

Германската влада најавува можни дополнителни санкции за Русија поради Навални. САД, Велика Британија, Германија и Европската унија ја повикаа Москва веднаш да го ослободи Навални.

И. Т. З.

Next Post

Димитров: Апасиев влегува во една интересна категорија на политичар обвинител, па и политичар инквизитор

НАЈНОВО

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025
Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk