ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Родилка од Центар Жупа се породи во возило на струшката Брза помош

February 3, 2021 19:11
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повик во струшката Брза помош ноќта на 1 февруари, не навестил за драмата која следувала во возилото, каде екипата на свет донела здраво машко новороденче.

Главните актери, доктор Васко Дулески и медицинската сестра Семра Бајрамоска, полни со адреналин и среќни за позитивниот исход за МИА го раскажаа новото искуство во кое породиле жена во возилото на Брзата помош на регионалниот пат Струга – Дебар, во близина на езерото Глобочица.

-Добивме повик од дебарската полиција дека родилка од село од Центар Жупа, доаѓа кон струшката болница со приватно возило, со контракции за породување. Не чекавме ниту минута. Тргнавме веднаш, а попатно ги информиравме и на одделот за гинекологија. Возилото со родилката го сретнавме некаде кај Глобочица. Кога ја преземавме жената породувањето веќе беше започнато, раскажува сестра Семра.

За ризикот во целата ситуација, говореше доктор Дулески, кој по процената дека не може да чека да стигнат во болница, ја преземал работата во свои раце, со помош на тимот, составен од сестра Бајрамоска, доктор стажант Елена Мечкароска и телефонска врска со неговата сестра, која е акушерка во гинеколошкото одделение.

-Не сум гинеколог, но моравме да реагираме, за да не е предоцна. Бебето беше почнало да излегува и знаевме дека е ризично и не може да чека. Породувањето го направивме во возилото, со инструкции на мојата сестра, која е акушерка, објаснува Дулески.

Но драмата не завршила тука. По раѓањето бебето немало срцева акција и не дишело. Па цел пат го реанимирале, за на крај да го слушнат плачот.

-Мајката и бебето се здрави и живи и во добра здравствена состојба, а тоа не прави најсреќни. Сме имале многу интересни случаи, но ваков со родилка, не. Жената, на возраст од 22 години беше со нерегулирана бременост. Од почетокот на чинот на раѓање неколку пати го враќала бебето, што предизвикало деформитети од притисокот. На крај се добро заврши, раскажува докторот.

Тимот од струшката Брза помош посочува дека имале и други слични повици, кога носеле родилки, но вакво искуство немале иако во професијата често се среќаваат со несекојдневни настани.

Next Post

„Улиште“ победник на Санденс

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk