ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Пациентите со малигни болести ќе си ја добиваат терапијата дома

February 4, 2021 18:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска по повод одбележување на 4 февруари Светскиoт ден за борба против ракот, ја посети Клиниката за онкологија каде во присуство на директорот д-р Нино Васев остварија средба со Биба Додева претседателката на Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“ и Наташа Маслеша од Здружението за борба против ракот и леукемијата кај децата „Пеперутка“, информираат од Министерството за здравство.

-Примарна задача ни е да обезбедиме континуитет во снабдувањето со терапија за пацинтите со малигни заболувања. Со олеснувањето на пристапот до лекови се подбрува третманот на пациентите. Набрзо ќе се отвори оддел за зрачна терапија во ГОБ 8 Септемрви каде ќе работи лекар специјалист, еден физичар и еден техничар, овој третман на пацинети ќе биде координиран и со УК за онкологија, со што уште повеќе ќе се скрати времето на чекање за зрачна треапија. Дополнително во план ни е да направиме децентрализирање при достапност на терапијата, во останатите центри како Битола, Штип и Тетово се со цел да се подобрат условите на пациентите, односно терапијата да им биде достапна во местата каде што живеат. Ќе продолжи практиката Клиниката за онколиогија таблетарната терапија на пациентите да им ја доставува дома, како што беше пракса во време на ковид кризата – рече Филипче.
Претседателката на здружението БОРКА за секој нов ден, ја поздрави заложбата на министерот кој се заложил пред три години да овозможи пристап до иновативни лекови за пациентите со малигни заболувања.
-Во Македонија, пред 3 години за прв пат беше овозможен пристап до нови 30 биолошки и имунолошки терапии, нови иновативни лекови кои се набавуваат централизирано од посебен буџет и среќни сме дека на состанокот  со министерот се договоривме оваа година не само да продолжи оваа пракса, туку и да се прошири листата со уште нови лекови достапни за онколошките и хематолошки пациенти со малигни болести. Здравјето не е цена. Тоа е инвестиција. Зато треба да ја смениме приказната бидејќи
фундаментално право на секој човек е здравјето. Да поттикнеме креирање на нови подобри услови за третман и терапија на нашите граѓании, да ги охрабриме и
поддржиме сите во нивната борба со ракот бидејќи оваа борба е наша, заедничка – порача Додева.
Министерството за здравство максимално изминативе години овозможи во државата да влезат иновативни терапии за пациентите со малигни заболувања. Се набавуваат иновативни лекови за рак на дојка, на бели дробови, како и други малигни заболувања, со кои се опфаќаат голем број пациенти.
-Изминатата година пандемијата го наруши нормалниот тек на дијагноза, секаде во светот па и кај нас, реално бевмe соочени со одложување на дијагностичките процедури, сега се прават посебни напори  веќе неколку месеци наназад, се поголем број пациенти може да направат дијагностички процедури. Годинава повторно ќе се фокусираме на скриниг програмите и на целосно имплементирање, особено што голем број мамографи насекаде во земјава веќе се подготвени за скрининг процедурите порача Филипче.

Еднa од позитивните работи кои од годинава ќе почне да функционира е Националниот регистар на новозаболени од малигни болести чија што процедура е веќе започната на Универзитетската Клиника за онкологија.

Next Post

Николовски: Соработката со сите чинители во борбата против корупцијата е клучна и неопходна

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk