ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со јапонски грант Инфективната клиника ќе добие машина за рециклирање медицински отпад

February 4, 2021 16:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Договор за поддршка во рамки на јапонската грант програма за мали проекти за човековата безбедност (GGP) во државава потпишаа денеска јапонскиот амбасадор Хиронори Савада и економската директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосстојби, Мирјана Печевска Поп-Илиев во присуство на министерот за здравство Венко Филипче.

Со овој договор, како што соопшти Министерството за здравство, Клиниката за инфективни болести ќе добие машина за рециклирање медицински отпад со што ќе се зголеми безбедноста на медицинскиот персонал и пациентите преку итно безбедно отстранување на инфективниот и опасен отпад.

Министерот Филипче изрази благодарност за поддршката што Јапонија и ја дава на нашата земја години наназад, посебно во овие клучни моменти во ковид пандемијата.

– Ја цениме особено вашата поддршка во овие специфични моменти кога се соочуваме со пандемијата на Ковид-19. Поддршката на јапонскиот народ е нешто што има континуитет и тоа е процес која започна во 1996 година, се уште трае и еве со овие седум милиони евра поддршка на здравствениот и образовниот систем, таа поддршка и пријателство уште еднаш се потврдуваат. Би сакал да ја потенцирам важноста на оваа соработка со Амбасадата на Јапонија и јапонскиот народ, затоа што сите наши заеднички проекти биле планирани детално за да им служат на граѓаните, на пациентите, но и на здравствените работници кои ги користат овие апарати. Овој последен специфичен проект за кој сме денес тука е од особено големо значење, бидејќи Универзитетската Клиника за инфективни болести ги третира најголемиот број на пацинети со Ковид-19, како најстручни во делот на инфективната проблематика во земјава. Овој медицински апарат за нив е од голема важност, како за безбедност на пациентите, така и за медицинскиот персонал што работи таму. Се надевам дека ќе продолжиме да соработуваме и во периодот што претстои, рече Филипче.

Тој се заблагодари и за проектот што допрва почнуваат да го реализираат на повеќе локации во државата како Дебар и Гостивар, каде ќе се обезбедат услуги кои до сега не им беа достапни на пациентите во овие здравствени центри.

Амбасадорот Хиронори Савада истакна дека програмата за мали проекти GGP е показател за помош на вистински пријатели во неволја.

– Благодарение на прекрасното партнерство со многу македонски партнери, ние имлементиравме повеќе од 148 GGP проекти, вклучувајќи 47 проекти за здравствени установи. Ние, јапонскиот народ сме многу среќни што продолжуваме со поддршката во оваа земја, бидејќи вистинските пријатели си помагаат во неволја. Во рамки на програмата за мали проекти (GGP), ние исто така ќе потпишеме уште пет проекти во февруари и веројатно уште неколку ќе бидат потпишани во март, изјави Савада.

Благодарност до јапонскиот народ и амбасадата изрази и економската директорка на Клиниката, Печевска Поп-Илиев.

– За нас како Инфективна клиника која цела година стои исправено во првата борбена линија со Кoвид-19, секоја поддршка е од огромно знчење. Посебно ваков специфичен проект што го припремавме во најголемиот ек на пандемијата во мај 2020 година, беше предизвикувачки за нас, особено заради тоа што бевме свесни за неговата важност, рече Печевска Поп-Илиев.

Јапонија освен во здравството ја поддржува нашата држава во повеќе сектори како инфраструктурен развој, образование, животна средина, култура, спречување природни катастрофи, бегалска криза, како и со итна помош во вредност од 422,3 милиони евра и дополнителна нефинансиска помош. Денешниот грант е во висина од 65.801 евра, стои во соопштението од Министерството за здравство.

 

/МИА/
Next Post

Застапување или претставување на политичка партија со закон ќе се забрани во Армијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk