ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерот Заев ја пушти во употреба новата инвестиција на „Конти Хидропласт“: Ги поддржуваме компаниите кои инвестираат, вработуваат и освојуваат нови пазари

February 7, 2021 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Гевгелија ја пушти во употреба новата инвестиција на домашната извозно ориентирана компанија „Конти Хидропласт“ со традиција од 30 години постоење.

Станува збор за петгодишен договор до 2023 година за инвестицискиот проект на компанијата во висина од 5.1 милиони евра. Премиерот Заев истакна дека Владата ги поттикнува компаниите кои и во кризата гледаат можност, инвестираат, вработуваат, освојуваат нови пазари.

„Новата инвестиција на „Конти Хидропласт“ се реализира со поддршка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.  Минатата година, финансиски се поддржани за инвестициите реализирани во 2019 година, со што од страна на Владата исплатени се 10% од оправданите инвестициски трошоци во 2020 како и 20% од трошоците за освојување нови пазари или со вкупен износ од 6.4 милиони денари. Градиме систем кој ги поттикнува успешните компании кои работат чесно, придонесуваат во сопствениот развој, вработуваа кадри и вложуваат во човечкиот капитал, а сето тоа значи и развој  на државата. Компанијата го задржа истиот број на вработени – 185 лица, а дополнително постои потреба за нови вработувања, но и од стручна квалификувана работна сила. Во таа насока Владата го поддржува процесот на дуално образование и креирање на кадар кој соодветствува на реалните потреби на компаниите“, изјави премиерот Заев и додаде дека оваа година Владата преку директните капитални инвестиции отвора можност на преку 150 милиони евра развојни компоненти со производи од ваквото производство на цевки и црева за водоводи, канализација и гасификација на државата.

Премиерот Заев додаде дека само гасификацијата стартува со 54 милиони евра на интерконекторот кој што поминува покрај Гевгелија, Неготино, грчка граница и  се продолжува со интерконекторот спрема Косово, Србија.

„Веруваме дека на пролет ќе стартуваат изградбите на секундарните и терцијалните мрежи на гасоводот во сите поголеми македонски градови, а понатаму и во помалите. 50 милиони евра е ТАВ програмата каде преку 80% се инвестиции во водоводи и канализации ширум државата. Во разговори и преговори сме со Европската инвестициона банка за нови 100 милиони евра за водоводи, канализации и прочистителни станици“, додаде Заев.

Борис Маџунков генерален директор на компанијата „Конти Хидропласт“ истакна дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите е од голема важност за растот и развојот на македонската индустрија.  Тој додаде дека производството е 90%  наменето за извоз на странските пазари и тоа Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, дополнително за прв пат започнуваат извоз во САД што е голем успех за компанијата. Произведуваат полиетиленски и полипропиленски црева и цевки за водоводни, гасоводни и канализациони системи, притоа водејќи сметка за квалитет и заштита на животната средина.

Владата е посветена на подобрување на деловен амбиент, олеснување на царинските процедури, намалување на парафискални давачки, владеење на правото за сигурност на инвестициите како и почитување на начелата на пазарната економија.

Next Post

Заев од Гевгелија: Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk