ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

185 германски актери направија масовен „каминг аут“ како лгбт испраќајќи моќна порака кон културната индустрија

February 8, 2021 19:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Група актери заеднички излезе од плакарот откривајќи дека биле предупредени да ги чуваат во тајност нивните идентитети за да напредуваат во кариерата.

185 актери во Германија направија „каминг аут“ како геј мажи, лезбијки, бисексуални, квир, небинарни или трансродови лица во статија објавена во магазинот Süddeutsche Zeitung во петокот, 5 февруари 2021 г., пренесува PinkNews. Тие објавија заеднички манифест во кој повикуваат на повеќе ЛГБТ+ ликови на екраните, а исто така бараат промена на ставовите кон ЛГБТ+ актерите во индустријата.

„Досега не бевме во можност да зборуваме отворено за нашите приватни животи без да стравуваме од професионални последици“, велат актерите во манифестот. „Многу често, многумина од нас беа предупредувани – од менаџерите, кастинг агентите, колегите, продуцентите, режисерите итн. – да молчиме за нашите сексуални ориентации и родови идентитети за да не ги загрозиме кариерите“.

Решиле да се здружат за да стават крај на таквите дискриминаторни ставови.

На германските актери им било кажано дека ќе изгубат улоги ако направат „каминг аут“ како ЛГБТ+

„Ни беше кажано дека ако откриеме одредени аспекти од нашите идентитети, имено нашите сексуални и родови идентитети, одеднаш ќе ја изгубиме способноста да портретираме одредени ликови и врски. Небаре сознанието кои сме во нашите приватни животи некако ќе ја поништи нашата способност убедливо да ги отелотворуваме улогите за публиката“, додаваат тие во манифестот.

Понатаму, групата актери го поздравува и слави фактот што германското општество е сѐ поразновидно, но велат оти тоа е „сѐ уште малку рефлектерирано во нашите културни наративи. Нашето општество е одамна подготвено. Публиката е спремна. Нашата индустрија треба да се залага за заедништво и да го отсликува општеството во сиот негов диверзитет“. Тие здружено ќе се борат за поголема видливост и диверзитет во германскиот културен пејсаж, телевизија, филм и театар.

Шест од групата актери разговарале одделно со Süddeutsche Zeitung за нивните искуства навигирајќи низ световите на филмот, телевизијата и театарот додека истовремено се труделе да ги држат во тајност нивните квир идентитети.

„Реалноста на екраните треба да биде разновидна како што е во реалниот живот“, вели Ева Мекбах, позната германска актерка која играше во култната серија „Tatort“ (Местото на злосторството). „Општеството е пошироко и поразновидно отколку што си мислат носителите на одлуки“. Карин Ханчевски, која исто така има играно во „Tatort“, вели: „Кога зборувавме за тоа како група, одеднаш ни стана јасно дека ова е начинот на кој можеме да промениме нешто – како група, како голема група“.

Заедно, актерите ја лансирале кампањата „#ActOut“, која ги охрабрува другите во индустријата да истапат за да побараат промена и еднакви можности за ЛГБТ+ актерите. Заследете ја нивната иницијатива на социјалната мрежа Instagram.

 

извор qs.mk

Next Post

Богдановиќ: Мораме од пописот да почнеме, а ние како народ од се правиме политика

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk